Зошто Италија најмногу страда од корона вирусот?


Зошто Италија? Голем број луѓе се прашуваат зошто прекрасната медитеранска земја стана новиот епицентар на пандемијата на корона вирусот. Експертите наведуваат низа причини – од релативно високата возраст во Италија до нејзиниот здравствен систем до некоја старомодна лоша среќа – до катастрофа што не е видена со генерации. Ниту еден од одговорите само не објаснува …

Зошто Италија најмногу страда од корона вирусот? Read More »

Белгија нарачала пет милиони погрешни заштитни маски


Белгија не располага со доволно заштитни маски за медицинскиот персонал, Владата нарачала пет милиони од Кина, но набавката се покажала погрешна, јави дописничката на МИА од Брисел. Имено, петте милиони маски кои пристигнаа во петокот од Шангај се хируршки маски, а не ФФП2 и ФФП3 кои се единствени што ефикасно штитат. Хируршките маски се ефикасни …

Белгија нарачала пет милиони погрешни заштитни маски Read More »

Се бара евтина струја додека трае вонредната состојба!


Поддршка од нешто повеќе од 18.000 потписи досега добила онлајн петицијата за воведување на евтина струја во периодот додека трае вонредната состојба. Иницијаторите на оваа петиција бараат итно воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја. …

Се бара евтина струја додека трае вонредната состојба! Read More »

До 18 часот денеска да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава


До 18 часот денеска сите македонски граѓани заглавени во меѓугранични простори или на аеродроми да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад. Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи Никола Димиров, такви се околку …

До 18 часот денеска да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава Read More »

Корона вирусот ги урна и страшните бараки на „Медицинар“


Како дел од активностите за борба против корона вирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“, соопшти вечерва Град Скопје. „Независен весник“ уште лани пишуваше за состојбата …

Корона вирусот ги урна и страшните бараки на „Медицинар“ Read More »

Пожарот над Марков манастир се гасеше со авиони


Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување денеска авионски исфрлија 35.000 литри вода за да помогнат во гаснењето на пожарот во село Осинчани над Марков Манастир. Пожарот зафати нискостеблеста шума, а водата беше исфрлена во 14 налети, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. https://www.facebook.com/direkcijazazastitaispasuvanje/posts/1917656661692935

Меркел во супермаркет – купува сапун и тоалетна хартија


Германската канцеларка Ангела Меркел ја доживува пандемијата од корона вирус како и милиони Германци. Во попладневните часови, како и повеќето нејзини сограѓани пазари во супермаркет. Таа вчера во 17 часот влегла во супермаркетот „Хит Улрих“, па најпрво отишла до полиците со овошје и зеленчук, а потоа и кај слатките, пишува „Билд“. Сама ја наполни кошницата, …

Меркел во супермаркет – купува сапун и тоалетна хартија Read More »

Како супермаркет во Данска спречи да се купуваат по десет средства за дезинфекција


  Покрај тоа што властите во државите ширум Европа велат дека граѓаните немаат потреба да купуваат многу прехранбени производи и средства за дезинфекција, луѓето и понатаму панично ги купуваат овие артикли. Веќе со денови сме сведоци дека во супермаркетите доаѓа дури и до тепачки поради тоалетна хартија, а еден супермаркет во Данска се одлучи превентивно …

Како супермаркет во Данска спречи да се купуваат по десет средства за дезинфекција Read More »

Кина ја обнови работата на 89 отсто од запрените инфраструктурни проекти


Кинеските компании ја обновија работата на повеќе од 89 отсто од клучните инфраструктурни објекти што беа затворени за време на борбата против коронавирусот во земјата. – Ситуацијата во земјата се уште продолжува да се нормализира и се враќа нормалниот начин на живот, меѓутоа, во различни региони заздравувањето се одвива со побавно темпо, изјави началникот на …

Кина ја обнови работата на 89 отсто од запрените инфраструктурни проекти Read More »

Комплетно опремени собите во „Ибис“ хотелите и подготвени да прифатат лица во изолација


Двата хотела „Ибис Скопје“ – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени се веднаш да прифатат лица на кои им е определена изолација. Од „Аџибадем Систина“ информираат дека на располагање се ставаат вкупно …

Комплетно опремени собите во „Ибис“ хотелите и подготвени да прифатат лица во изолација Read More »

Закажете тестирање преку „Мој термин“


Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник …

Закажете тестирање преку „Мој термин“ Read More »

Филипче: Очигледно е непочитувањето на изолацијата, неопходни се поригорозни мерки


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конфернција рече дека мерките за изолацијата од страна на голем број граѓани не се почитуваат. Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница. -Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не …

Филипче: Очигледно е непочитувањето на изолацијата, неопходни се поригорозни мерки Read More »

Нови девет случаи заболени од Ковид 19


Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот, изнесува 85, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, преку Фејсбук. Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид. Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката …

Нови девет случаи заболени од Ковид 19 Read More »

Во Албанија 76 заразени од коронавирус


Во Албанија дијагностицирани се шест нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка се зголеми на 76 лица. Новите случаи се од двата најпогодени градови, Тирана и Фиер,кои биле во контакт со претходно потврдени позитивни пациенти. „Во последните 24 часа направени се 46 тестирања, при што кај шест од нив покажан е позитивен …

Во Албанија 76 заразени од коронавирус Read More »

Димитров: Се бара пренасочување на ИПА фондовите за борба против корона вирусот


Република Северна Македонија бара пренасочување на средствата од ИПА фондовите за да може да ги користи како средства за борба против корновирусот, информира шефот на дипломатијата Никола Димитров на денешната прес-конференција. Тој потенцира дека пред 2-3 дена е упатено писмо до еврокомесарот комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, …

Димитров: Се бара пренасочување на ИПА фондовите за борба против корона вирусот Read More »

Прилепчанц со автомобил бегал од полицијата, тие пукале во гумите


  Прилепчанец кој полицијата го барала за „Предизвикување општа опаснонст“, не бил најден дома, а бил забележан во автомобил. Кога ја видел полицијата тој почнал да бега со возилото, неколкупати се обидел да ги прегази, а го сопреле дури кога пукале во гумите од автомобилот. СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното …

Прилепчанц со автомобил бегал од полицијата, тие пукале во гумите Read More »

Во Франција в болница 5.226 лица од корона вирусот, а досега умреа 450


Епидемијата на коронавирусот до вчера ја предизвика смртта на 450 пациенти (78 дополнителни за 24 часа) и принуди да се хоспитализираат 5.226 пациенти, од кои речиси 1.300 се наоѓат на интензивна нега, јави дописникот на МИА. -Половина од пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега се под 60 години, рече генералниот директор за здравство Жером …

Во Франција в болница 5.226 лица од корона вирусот, а досега умреа 450 Read More »

Димитров: Сакаат дома, а не сакаат во карантин


  Министерот за надворешни работи Никола Димитров извести денес на прес конференција дека околу  2.300 македонски граѓани се пријавиле дека се заглавени низ целиот свет, но таа бројка варира. Фокусот на МНР е да им  помогне на тие на нашиот континет. -Ние немаме информација за нивната здравствена состојба, рече Димитров нагласувајќи дека државата не може …

Димитров: Сакаат дома, а не сакаат во карантин Read More »