Прилепчанц со автомобил бегал од полицијата, тие пукале во гумите


 

Прилепчанец кој полицијата го барала за „Предизвикување општа опаснонст“, не бил најден дома, а бил забележан во автомобил.

Кога ја видел полицијата тој почнал да бега со возилото, неколкупати се обидел да ги прегази, а го сопреле дури кога пукале во гумите од автомобилот.

СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство, поднело кривична пријава за постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ,,Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ против 35-годишниот Д.Х.К од Прилеп.
Можеби ќе ве интересира

„На 19.03.2020 година по претходна наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот, а во врска со основи на сомневање за извршено кривично дело ,,Предизвикување општа опасност, истиот при проверката не бил пронајден. Од страна на полициски службеници, лицето е пронајдено како управува автомобил со прилепски ознаки кое е забележано на улица Прилепски бранители. Со службено полициско возило даден е знак да застане но истиот се упатил на патот Прилеп-Македонски Брод, каде полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но истиот не го сопирал возилото, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полициските службеници. Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени, од страна на полициски службеник употребено е огнено оружје во левиот пневматик, по што возилото запрело. Во возилото се затекнати две лица Д. Х. К(35) и З.Ј (37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп. Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор на ОЈО Прилеп на осомничениот Д.Х.К. му определи мерка притвор“, наведено е во соопштението на МВР.