Азиските земји се соочуваат со втор бран на зараза, но со случаи од странство


Јужна Кореја, Кина и Сингапур се меѓу азиските земји кои се соочуваат со втор бран на новиот коронавирус, поттикнат од луѓето што од странство влегуваат во тие земји, јави Би Би Си.. Кина, каде се појави вирусот, вчера потврди дека нема нови домашни случаи, првпат од почетокот на епидемијата. Меѓутоа, пријави нови 34 случаи меѓу …

Азиските земји се соочуваат со втор бран на зараза, но со случаи од странство Read More »

Италија во карантин и по 3 април, крематориумот во Бергамо не може да постигне


Италија ќе остане во карантин и по 3 април, за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте. Трети април беше првобитниот рок. Конте за „Кориере дела сера“ рече дека мерките ќе бидат продолжени, а со нив се налага затворање на училишта, универзитети, ограничување на движењето, пренесе Ројтерс. Според актулните …

Италија во карантин и по 3 април, крематориумот во Бергамо не може да постигне Read More »

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава


Онлајн-настава за студентите  од понеделник треба да организираат сите факултети од државните и од приватните универзитети во земјава поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот. Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше средба со  ректорот на УКИМ и претставник на сите државни универзитети,  проф. д-р Никола Јанкуловски, и со проф. …

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава Read More »

ЕК ќе создава итна помош за медицинска опрема


Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, денеска најави дека европските служби ќе го прилагодат механизмот за поддршка за да вклучува и медицинска опрема, јави дописничката на МИА од Брисел. Станува збор за ‘rescEU’ алатка, која од сега ќе создава резерви на лична медицинска опрема како маски и ракавици, но и друг вид на медицинска опрема …

ЕК ќе создава итна помош за медицинска опрема Read More »

Спасовски: Стокови резерви имаме доволно, во овој момент нема потреба од нивно активирање


Стокови резерви имаме доволно, обезбедени сме за повеќе од шест-седум месеци, но граѓаните треба да знаат дека во овој момент немаме потреба ниту од активирање на механизмот на стоковите резерви, ниту на што било друго, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата по повод вонредната состојба. Тој појасни дека транспортот на стоки е …

Спасовски: Стокови резерви имаме доволно, во овој момент нема потреба од нивно активирање Read More »

Дука апелира до Владата за заштитни средства за здравствените работници


Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој раководи со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна средба со новинарите, апелираше до централната власт да обезбеди заштини средства за здравствениот кадар во градот. -Вчера се тестирани 19 лица при што тројца од нив се позитивни на коронавирус. Имам информации дека тројцата се здравстени работници.Затоа оценуваме дека здравствените работници не …

Дука апелира до Владата за заштитни средства за здравствените работници Read More »

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот


Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска се онесвести во Парламентот. Тој  колабира на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри. – Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот, истакна Бруинс во …

Холандскиот министер за здравство колабира во Парламентот Read More »

(Во живо) Прес-конференција на министерот за образование и наука Адеми


Министерот за образование и наука, Арбер Адеми заедно со проф. д-р Никола Јанкуловски – претседател на Интеруниверзитетска конференција и проф. д-р Томе Неновски претседател на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.

Во Грција родено првото бебе од мајка позитивна на коронавирусот


Во Грција вчера се роди првото бебе од мајка заразена со коронавирусот, а пак резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни, јави дописничката на МИА од Атина. Во неделата, 24-годишната мајка имала симптоми на грип, а по направената анализа за коронавирусот, позитивни биле и нејзините резултати и резултатите на нејзиниот сопруг. …

Во Грција родено првото бебе од мајка позитивна на коронавирусот Read More »

Димитров: Важно е сите наши државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да им помогнеме


Министерството за надворешни работи денеска во 17 часот ќе напарви пресек колку и каде се има наши државјани надвор од државава, по што ќе преземе активности за нивно враќање дома, истовремено водејќи сметка и за другиот државен интерес, а тоа е да не се зголеми драстично ризикот по здравјето на населението тука, изјави денеска министерот …

Димитров: Важно е сите наши државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да им помогнеме Read More »

Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема


Директорите на царините од  ЦЕФТА регионот попладне преку видео конференција треба да договорат воспоставување т.н. зелен коридор со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали, информира денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. На состанок во Министерството за економија денеска се расправаше за барањето на прехранбениот и …

Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема Read More »

Во Белгија уште седум мртви и 187 заболени од коронавирусот


Дневната пресметка на здравствените власти денеска во Белгија изнесува 187 нови заболени во земјата, и седум починати. Болниците подготвуваат нови стратегии, јавува дописничката на МИА. И покрај мерките на изолација, 1795 лица се заразени од коронавирусот во Белгија, а вкупниот број мртви достигна 21 денеска. Најголемиот број заразени се наоѓа во Фландрија, на северот, најмал …

Во Белгија уште седум мртви и 187 заболени од коронавирусот Read More »

Стопиран патничкиот авиосообраќај во Србија, 97 заразени


Во Србија утринава се регистрирани 97 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, веќе четврти ден во сила е вонредна состојба, од синоќа од 20 часот до 05 на сила беше полициски час и забрана за излегување на постарите од 65 години, а граѓаните во повеќе градови во 20 часот синоќа аплаудираа во поддршка на медицинските …

Стопиран патничкиот авиосообраќај во Србија, 97 заразени Read More »

Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена


По искуствата од 2018 и 2019 година должни сме кон народот да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата пред да ги упатиме честитките. Ситуацијата е изгледна, но не е завршена. Во моментов уште се дебатира како да се одржи Советот за надворешни работи на ЕУ. Вака министерот за надворешни работи  Никола …

Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена Read More »

Први смртни случаи од Ковид-19 во Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва и Ел Салвадор


Први смртни случаи од новиот коронавирус регистрирани се во неколку држави ширум светот – Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва и Ел Салвадор. На Истра, Хрватска почина заразен маж со Ковид-19, но се чекаат резултатите од обдукцијата за да се утврди причината за смртта. Во Русија почина 79-годишна жена на Клиниката за инфективни болести во Москва од …

Први смртни случаи од Ковид-19 во Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва и Ел Салвадор Read More »

Загина државјанин на Северна Македонија во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Белград


Државјанин на Северна Македонија на возраст од 35 години загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на автопатската клучка кај Белград во насока кон Добановци, кога се судриле автомобил и камион со полициска придружба. Во истата несреќа, што се случи синоќа, четворица други се повредени и се згрижени од Службата за брза помош. …

Загина државјанин на Северна Македонија во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Белград Read More »

Османи: Постигнат е консензус во ЕУ за почеток на преговори


Постигнат е консензус во ЕУ за одлука за почнување преговори со Република Северна Македонија – безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачакта рамка, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Одлуката, посочи Османи, очекуваме денеска да се потврди, а понатаму на 24 март да се официјалира …

Османи: Постигнат е консензус во ЕУ за почеток на преговори Read More »

(Во живо) Михаел Рот во „виртуелна посета“ на Скопје


Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот денеска ќе има „виртуелна работна посета“ на Република Северна Македонија и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Како што соопшти МНР, работната посета првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање одлука за …

(Во живо) Михаел Рот во „виртуелна посета“ на Скопје Read More »