Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот


Имајќи предвид дека сé уште не е достапна вакцина за вирсуот КОВИД-19, правилната исхрана која игра важна улога во превенцијата од заразни болести, посебно е битна сега, во овој случај. Според нутриционистите, во овој момент не е време за диети со висок процент на масти и протеини, а со мала застапеност на јагленихидрати во оброците. …

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот Read More »

ЈуТјуб ги ограничува содржините за корисниците во ЕУ и во Велика Британија


ЈуТјуб денеска најави дека ќе ги органичи содржините за корисниците во Европска Унија и во Велика Британија со цел да избегне преоптовареност на интернет серверите. ЈуТјуб ќе го намали квалитетот на видеосодржините односно корисниците нема да можат да гледаат во „фул ХД“ резолуција, туку таа ќе биде намалене со цел да се обезбеди интернет сообраќајот. …

ЈуТјуб ги ограничува содржините за корисниците во ЕУ и во Велика Британија Read More »

Препораки за правилна домашна изолација


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот ФБ профил објави препораки за тоа како да се постапи во случај на правилна домашна самоизолација. Според препораките, доколку имате можност работете од дома, одделете се од останатите во различни простории, бидете на безбедно растојание со другите меѓу еден и два метри, редовно проветрувајте ги просториите, останете …

Препораки за правилна домашна изолација Read More »

Објавен превод на книгата „Крал К’зи“ од Глиша Елезовиќ


По повод 80-годишнината од првото објавување на српски јазик на книгата „Крал К’зи” на српскиот историчар и ориенталист Глигорие-Глиша Елезовиќ, здружението „Диванхана” објави  превод на македонски и на босански јазик. – Цели 80 години делото „Крал К’зи“ на  Елезовиќ беше недостапно за читателската публика во нашата земја. Во далечната 1939 година во печатницата на Драг …

Објавен превод на книгата „Крал К’зи“ од Глиша Елезовиќ Read More »

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата


На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а ќе бидат обезбедувани од полицијата. Одлуката е донесена откако припадниците на најчувствителната популација не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето поради сопствена заштита од епидемијата …

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата Read More »

Имунолог: Натпревар од ЛШ виновен за ширење на коронавирусот


Италијанскиот имунолог Франческо ле Фоке изјави дека средбата во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија може да биде катализатор за невидената епидемија на коронавирусот во Бергамо. Скоро 40.000 навивачи на италијанскиот тим отпатувале од Бергамо во Милано на средбата, што се одржа во „Сан Сиро“ на 19 февруари, што би можело да биде и …

Имунолог: Натпревар од ЛШ виновен за ширење на коронавирусот Read More »

Италија ја надмина Кина по бројот на смртни случаи од корона вирус


Бројот на смртни случаи од Ковид 19 во Италија го надмина бројот на жртви во Кина, во четвртокот, пишува Асошиејтед прес. Италија, со популација од околу 60 милиони, забележа најмалку 3.405 смртни случаи од корона вирус, што е за околу 150 повеќе отколку во Кина, земја со 20 пати поголема популација. Италија ја достигна поголемата …

Италија ја надмина Кина по бројот на смртни случаи од корона вирус Read More »

Следува потопол период, колку тој ја ублажи состојбата со коронавирусот


Ширењето на коронавирусот стана глобален проблем кој не познава граници. Светската здравствена организација прогласи пандемија, а се поголем број држави се соочуваат со зголемување на бројот на заразени и починати. Голем број заразни болести имаат сезонски карактеристики и во голема мера зависат од климатските промени т.е. од распределбата на метеоролошките параметри како што се влажноста, …

Следува потопол период, колку тој ја ублажи состојбата со коронавирусот Read More »

Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во НБА екипите


Четири НБА клубови – Лос Анџелес Лејкерс, Бостон Селтикс, Филаделфија 76-ерс и Денвер Нагетс – објавија за први случаи на заразени играчи и тренери со КОВИД-19. Засега, името на само еден од заразените е јасно – бекот Маркус Смарт од Бостон Селтикс. Смарт во видео пораката рече дека бил тестиран пред пет дена, но дури …

Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во НБА екипите Read More »

Оние што нема да бидат во самоизолација ќе се носат во центри за карантин


Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин-вин на ТВ Телма, најави дека најверојатно утре ќе се донесат мерки со кои секој оној што не ја почитува наредбата за домашна изолација, автоматски да биде префрлен во центрите за карантин и повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките што им се наложени. – Имаме …

Оние што нема да бидат во самоизолација ќе се носат во центри за карантин Read More »

Задолжителна редарска служба пред маркетите, аптеките, банките и поштите


Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително треба да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите. Покрај оваа мерка, Владата …

Задолжителна редарска служба пред маркетите, аптеките, банките и поштите Read More »

Заздравува бебето што се зарази со коронавирус во Бергамо


По две недели минати во болница заздравува новороденчето зарзено со коронавирус во Италија, јавија италијанските медиуми, додавајќи дека бебето е отпушено од клиниката во Бергамо. Машкото бебе е родено здраво на на 11 февруари, но на 3 март било примено во болница заради висока температура, по што се покажало дека и тоа и неговата мајка …

Заздравува бебето што се зарази со коронавирус во Бергамо Read More »

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО


Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести. -Добредојдовте во семејството на НАТО, порача …

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО Read More »

Сите гранични премини затворени, се пропуштаат само камиони и овластени лица


За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Сите гранични премини се затворени и за влез во земјава за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено …

Сите гранични премини затворени, се пропуштаат само камиони и овластени лица Read More »

Болницата „8 Септември“ ќе прифаќа пациенти со Ковид-19 на кои им треба и друг третман


Во болницата „Септември“ денеска се направени услови да се примаат пациенти кои се заболени од корона вирус, но имаат потреба и од други интервенции, како хируршки на пример, соопшти министерот Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Тој рече дека опремиле една хируршка сала, една ангиографска, и цело одделение со 22 кревети каде може да се сместуваат …

Болницата „8 Септември“ ќе прифаќа пациенти со Ковид-19 на кои им треба и друг третман Read More »

Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен, депозитите сигурни


Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво, изјави денеска за МИА, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност. Таа додаде дека централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот, а вчера, на прес-конференцијата за економските …

Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен, депозитите сигурни Read More »

БиХ поставува шатори за 14-дневна изолација на тие кои влегуваат во земјата


На граничните премини во Босна и Херцеговина почна поставувањето шатори во кои оние кои влегуваат во земјата треба да помина 14-дневна изолација, за спречување на ширењето на корона вирусот. Шаторите се поставуваат на царинските теминали, каде ја има сета потребна инфраструктура со одвоени влезови и излези и сите услови за хигиена. Од утрово војската постави …

БиХ поставува шатори за 14-дневна изолација на тие кои влегуваат во земјата Read More »

Колинда Грабар-Китаровиќ во самоизолација


Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ објави дека се наоѓа во самоизолација и дека ги почитува правилата за спречување на ширењето на корона вирусот. „Поздрав од убавата наша! Во моментов сме во самоизолација, почитувајќи ги правилата со цел спречување на ширењето на Ковид19, но и од одговорност кон другите“, напиша Грабар-Китаровиќ на Твитер, пренесе Индекс. …

Колинда Грабар-Китаровиќ во самоизолација Read More »

„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа


Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа. Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката. Дистрибуцијата на …

„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа Read More »