Колинда Грабар-Китаровиќ во самоизолација


Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ објави дека се наоѓа во самоизолација и дека ги почитува правилата за спречување на ширењето на корона вирусот.
„Поздрав од убавата наша! Во моментов сме во самоизолација, почитувајќи ги правилата со цел спречување на ширењето на Ковид19, но и од одговорност кон другите“, напиша Грабар-Китаровиќ на Твитер, пренесе Индекс.
Грабар-Китаровиќ се врати од посетата на Соединетите Американски Држави, каде ја затекна пандемијата од корона вирусот. Таа следните 14 дена ќе ги помине во самоизолација, како превенција за најблиските, но и од одговорност кон другите.