БиХ поставува шатори за 14-дневна изолација на тие кои влегуваат во земјата


На граничните премини во Босна и Херцеговина почна поставувањето шатори во кои оние кои влегуваат во земјата треба да помина 14-дневна изолација, за спречување на ширењето на корона вирусот.

Шаторите се поставуваат на царинските теминали, каде ја има сета потребна инфраструктура со одвоени влезови и излези и сите услови за хигиена.

Од утрово војската постави четири шатори, обложени со алуминисумски покривач, но со оглед на тоа дека се под отворено небо, босанските медиуми коментираат дека престојот во нив нема да биде најугоден.

На некои гранични премини ќе има услови во шаторите да сесместат и 200 лица, некои по 100, неколку по 50, а на еден граничен премин 20 лица.