Први смртни случаи од Ковид-19 во Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва и Ел Салвадор


Први смртни случаи од новиот коронавирус регистрирани се во неколку држави ширум светот – Хрватска, Русија, Мексико, Никарагва и Ел Салвадор.

На Истра, Хрватска почина заразен маж со Ковид-19, но се чекаат резултатите од обдукцијата за да се утврди причината за смртта.

Во Русија почина 79-годишна жена на Клиниката за инфективни болести во Москва од акутно воспаление на белите дробови. Таа била хоспитализирана минатата недела и имала неколку хронични болести како дијабетис, висок притисок, коронарна болест и артериосклероза.

Во Мексико почина 41-годишен маж заразен со новиот корона вирус, но бил и дијабетичар.

Додека во Никарагва почина 40-годишен маж кој се заразил со Ковид-19 за време на неговиот престој во Панама.

И во Ел Салвадор е забележан првиот смртен случај. Лицето неодамна било во посета на Италија.