Сите мерки што ги најави Заев


1. Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата За сите приватни фирми погодени од кризата владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, …

Сите мерки што ги најави Заев Read More »

Повозрасните да може да шетаат само до 10 часот?


Државата размислува за нови дополнителни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот и заштита на најкритичните, наризичните групи граѓани. За нив утре ќе дискутира Комисијата за заразни болести, која ќе ги достави до Централниот штаб, а по тоа и по потреба и до Владата. – Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме …

Повозрасните да може да шетаат само до 10 часот? Read More »

Од утре во земјава 14 пунктови за тестирање за коронавирус


Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата. -Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки …

Од утре во земјава 14 пунктови за тестирање за коронавирус Read More »

ДИК ги запре дејствијата за изборите поради вонредната состојба


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ја донесе Владата на Република Северна Македонија. -Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на Општинските изборни комисии. Сите изборни дејствија кои се …

ДИК ги запре дејствијата за изборите поради вонредната состојба Read More »

Прв смртен случај од корона вирус во Македонија


Прва жртва на корона вирусот во Македонија, е жена од Куманово на возраст од 57 години. Кај неа навреме се направени два теста кои биле негативни. Но, затоа што симптомите кои ги имала, биле типични за болеста, била третирана во изолација. Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. …

Прв смртен случај од корона вирус во Македонија Read More »

Во Штип три нови случаи на заболени од коронавирус


Три нови слуачи на заболени од корона вирусот во Штип. Станува збор за две возрасни лица и едно дете, со што бројката на заболени од Ковид 19 во Штип се искачи на вкупно седум лица. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој го раководи кризниот штаб, вели дека од утринава се прави дезинфекција на сите …

Во Штип три нови случаи на заболени од коронавирус Read More »

Шпанија воведува роботи во борбата против коронавирусот


Шпанија, земјата во која само вчера и денеска од корона вирусот починаа над 750 лица, воведува роботи за да го зголеми обемот на тестирања  и на тој начин да влијае врз исклучително тешката состојба во земјата. Директорката на Институтот за јавно здравје Карлос Трети, Ракел Јоти изјави дека владата работи на набавката на четири роботи …

Шпанија воведува роботи во борбата против коронавирусот Read More »

Ќе се национализира секоја фирма која ќе профитира на здравјето на граѓаните


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека секоја фирма за која ќе се докаже дека екстра-профитирала на име на здравјето на граѓаните и актуелната ситуација со коронавирусот ќе биде национализирана. Владата претходно ги замрзна цените на основните производи. Потоа ја врати цената на повеќе производи на вредноста од 11 март, пред да почнат да скокаат …

Ќе се национализира секоја фирма која ќе профитира на здравјето на граѓаните Read More »

Функционерите со намалена плата – два месеци ќе земаат само 14.500 денари


Сите функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Како што појасни лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција, платата ќе им изнесува 14.500 денари. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката за нив ќе важи за два месеци. Сите вработени во …

Функционерите со намалена плата – два месеци ќе земаат само 14.500 денари Read More »

Дука: Уште 36 се позитивни на корона вирус во Дебар


Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука вели дека се земени 209 брисеви од кои 36 лица се позитивни на корона вирусот. Во домашна изолација во Дебар се 133 лица, информираше Дука. „Земени се 209 брисеви, од кои позитивни се 36. 13 се сместени во Клиниката за заразни болести и 23 се во домашно лекување. 133 …

Дука: Уште 36 се позитивни на корона вирус во Дебар Read More »

Тепачки во Скопје и во Куманово


Повеќе тепачки биле пријавени во полиција во последните два дена, а во една од нив жртва е и малолетник. Како што стои во полицискиот билтен, во петокот,  било пријавено дека на бул. „Партизански oдреди“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавен ред и мир со меѓусебна  физичка пресметка помеѓу Е.С.(35) и Д.Д.(20), двете од …

Тепачки во Скопје и во Куманово Read More »

Со тракторот удрил во куќа, маж тешко повреден


Во саботата било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш-Конче кај с.Дедино Л.К.(62) од с.Дедино управувајќи трактор излетал надвор од коловозот и удрил во потпорен ѕид од влез на куќа. Во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид на местото на …

Со тракторот удрил во куќа, маж тешко повреден Read More »

Кривични пријави за 77 лица – не ги почитувале мерките за самоизолација


Вкупно 77 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале владините мерки поднела полицијата, од воведувањето на мерките па се до денеска. До обвинителствата пак доставени се пет посебни извештаи, и десет прекршочни мерки заради прекршоци при нарушување на јавниот ред и мир. МВР контролира и вкупно 604 луѓе на кои им се поднесени решенија …

Кривични пријави за 77 лица – не ги почитувале мерките за самоизолација Read More »

(Галерија) Селфи во услови на корона вирус


Покрај мерките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните со цел да се спречи ширење на корона вирусот, животот во Скопје продолжува. Граѓаните внимаваат на себе и на другите. Речиси секој носи маска. Помладите не ја пропуштија шансата да направат селфи со маска. Седат на клупи во парковите и покрај Вардар, но едниот на …

(Галерија) Селфи во услови на корона вирус Read More »

Зошто Италија најмногу страда од корона вирусот?


Зошто Италија? Голем број луѓе се прашуваат зошто прекрасната медитеранска земја стана новиот епицентар на пандемијата на корона вирусот. Експертите наведуваат низа причини – од релативно високата возраст во Италија до нејзиниот здравствен систем до некоја старомодна лоша среќа – до катастрофа што не е видена со генерации. Ниту еден од одговорите само не објаснува …

Зошто Италија најмногу страда од корона вирусот? Read More »

Белгија нарачала пет милиони погрешни заштитни маски


Белгија не располага со доволно заштитни маски за медицинскиот персонал, Владата нарачала пет милиони од Кина, но набавката се покажала погрешна, јави дописничката на МИА од Брисел. Имено, петте милиони маски кои пристигнаа во петокот од Шангај се хируршки маски, а не ФФП2 и ФФП3 кои се единствени што ефикасно штитат. Хируршките маски се ефикасни …

Белгија нарачала пет милиони погрешни заштитни маски Read More »

Се бара евтина струја додека трае вонредната состојба!


Поддршка од нешто повеќе од 18.000 потписи досега добила онлајн петицијата за воведување на евтина струја во периодот додека трае вонредната состојба. Иницијаторите на оваа петиција бараат итно воведување евтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја. …

Се бара евтина струја додека трае вонредната состојба! Read More »

До 18 часот денеска да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава


До 18 часот денеска сите македонски граѓани заглавени во меѓугранични простори или на аеродроми да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад. Како што соопшти вчера министерот за надворешни работи Никола Димиров, такви се околку …

До 18 часот денеска да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава Read More »