Вардар против Мешков во полуфиналето на СЕХА лигата


Македонскиот шампион Вардар ќе игра против домаќинот Мешков во полуфиналето на регионалната СЕХА лига. Во второто полуфинале ќе играат Нексе и ППД Загреб. Победникот од овие полуфинални средби, ќе се борат за трофејот. „Ф4“ турнирот ќе се одржи на 2 и 3 април во Брест. „Црвено-црните“ одиграа 18 кола, и остварија 14 победи и четири …

Вардар против Мешков во полуфиналето на СЕХА лигата Read More »

Почина тркачкиот директор на Формула 1, Чарли Вајтинг


Ден пред почетокот на викендот за Гран При на Австралија, Формула 1 беше потресена од смртта на тркачкиот директор, Чарли Вајтинг. Во четвртокот наутро по локално време, тој добил белодробна емболија и починал ненадејно. Случката е вистински шок за тимовите и пилотите. – Со огромна тага дознав за смртта на Чарли. Тој беше една од …

Почина тркачкиот директор на Формула 1, Чарли Вајтинг Read More »

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци


По автобуската несреќа која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, каде што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе шест лица. „Алсат“ неофицијално дознава дека меѓу приведените лица се и возачот на автобусот како и сопственикот на „Дурмо Турс“. Во врска со деталите …

Приведени возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата кај Ласкарци Read More »

Србија воведува доживотна казна затвор


Србија ќе воведе доживотен затвор со можност за условно пуштање после 25 години, изјави за „Политика“ професорот Станко Бејатовиќ. – Условното пуштање ќе биде можност, а не обврска. Тоа е меѓународен стандард, додаде професорот Бејатовиќ, кој е и претседател на Српското здружение за кривично-поправна теорија и пракса и член на работната група за измени на …

Србија воведува доживотна казна затвор Read More »

Шибеник: Скокнал од мост висок 40 метри и преживеа


Непознат маж скокнал од шибенскиот мост во морето, но покрај фактот дека мостот е висок 40 метри, преживеал. „Човекот скокна од мостот во морето, а го забележале од едрилица која поминувала оттука. Мажот е жив и префрлен во болница“, велат од полицијата. Сите околности за скокот од мостот на непознатиот маж полицијата допрва треба да …

Шибеник: Скокнал од мост висок 40 метри и преживеа Read More »

Убиен њујоршкиот мафијашки шеф „Френки бој”


Шеф од мафијашката фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како „Френки бој“ беше убиен пред неговата куќа на Стејтен Ајленд во Њујорк, соопшти полицијата. Во Кали (53) биле испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот го прегазил со возило мафијашот. Гамбино е една од петте најголеми италијанско-американски мафијашки фамилии во Њујорк. Мотивот за убиството засега не …

Убиен њујоршкиот мафијашки шеф „Френки бој” Read More »

Руски дипломат протеран од Стокхолм поради шпионажа


Шведското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и побара еден од службениците во Амбасадата да ја напушти државата, објави шведскиот весник „Дагенс нјухетер“. – Можам да потврдам дека го повикавме амбасадорот во врска со активностите на еден дипломат, изјави Патрик Нилсон, портпарол на шведското МНР. Според весникот, се работи за руски …

Руски дипломат протеран од Стокхолм поради шпионажа Read More »

ОЈО Скопје ќе презентира информации за автобуската несреќа кај село Ласкарци


Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев денеска на прес-конференција ќе презентира информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци. Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, загинаа 15 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот …

ОЈО Скопје ќе презентира информации за автобуската несреќа кај село Ласкарци Read More »

Малолетничка пријавила дека е силувана од татко ѝ


Девојче, на возраст од 13 години, во полиција пријавилo дека повеќепати било физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко. Како што соопшти полицијата, утрово, во 1.55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50). Е.Ф. е приведен и задржан …

Малолетничка пријавила дека е силувана од татко ѝ Read More »

Поскапуваат цигарите, за неколку години ќе чинат 300 денари


Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо. Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.

Зидан во Реал ќе заработува по 12 милиони евра годишно


Медиумите во Шпанија ги објавија финансиските детали за новиот договор од Зинедин Зидан и Реал Мадрид според кои францускиот експерт ќе заработува по 12 милиони евра годишно. Договорот му е до јуни 2022 година. Зидан ќе биде меѓу најплатените европски тренери, но не и највисоко платени во Мадрид. Диего Симеоне во Атлетико заработува 24 милиони …

Зидан во Реал ќе заработува по 12 милиони евра годишно Read More »

Караџовски: Нема нови случаи со МРСА


Во текот на денешниот ден не се пристигнати пријави за новоифицирани со бактеријата МРСА. За граѓаните е најбитно да не се крева паника, не се работи за тешко смртоносно заболување, се работи за инфекција, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. Во врска со вчерашното известување за појава на бактеријата кај четири …

Караџовски: Нема нови случаи со МРСА Read More »

Емир Кустурица стана советник на Додик


Режисерот Емир Кустурица вработен е како советник на претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, со што тој го исполни предизборното ветување, пишува Klix.ba. Откако медиумот отворено го критикувал претседателството што јавно не ги објавил имињата на новоназначените советници, денеска на официјалната веб страна тие се објавени. Кустурица со ова назначување „го оствари …

Емир Кустурица стана советник на Додик Read More »

Двајца тинејџери убија петмина ученици во училиште Бразил


Најмалку пет ученици и двајца возрасни се убиени во напад во училиште во Сао Паоло во Бразил. Нападот го извеле двајца тинејџери за време на одморот помеѓу часовите. Двајца вооружени и маскирани адолесценти, освен учениците го убиле и директорот на училиштето „Раул Бразил“, по што, според одредени информации, се самоубиле.  Локалните медиуми информираат дека освен со …

Двајца тинејџери убија петмина ученици во училиште Бразил Read More »

Учениците во сабота ќе одработуваат поради продолжениот распуст


Основните училишта оваа сабота ќе одработуваат еден од двата пропуштени дена во наставата, кога зимскиот распуст беше продолжен. Вториот ден ќе се одработува на 30 март . Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник и вторник, за одработување на пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух, учениците имаа продолжен распуст. …

Учениците во сабота ќе одработуваат поради продолжениот распуст Read More »

Асани: Повеќе оператори би ги зголемиле возните километри на МЖ


Амортизацијата на инфраструктурата, прекинот на сообраќајот поради проблемот на мостот кај Кукуречани и укинувањето на линијата Белград – Скопје – Гевгелија се главните причини за намалувањето на возните километри на ЈП Македонски железници Инфраструктура што беше забележано во последниот квартал од минатата година, порачува директорот на Јавното претпријатие Ирфан Асани. -Последниот квартал покажува намалување на …

Асани: Повеќе оператори би ги зголемиле возните километри на МЖ Read More »

МП: Законот за Јавното обвинителство е закон без скриена амнестија


Законот за Јавното обвинителство е еден од клучните закони преку кој ќе се цени спремноста на нашата држава да создаде правна основа за сериозна борба против криминалот и корупцијата, а неговото носење, оценуваат од Министерството за правда, е еден од најважните критериуми за почеток на преговорите со Европската Унија. – Клучната цел на Министерството за …

МП: Законот за Јавното обвинителство е закон без скриена амнестија Read More »

Рама: „Шенгенскиот модел“ и со Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама се заложи „Шенгенскиот модел“ да се применува со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, а не само со Косово. На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во Тирана тој рече дека порано или подоцна „граѓаните ќе влегуваат и излегуваат од границите на Македонија и Албанија без никакви пречки“. -Шенгенскиот модел …

Рама: „Шенгенскиот модел“ и со Македонија Read More »

Амбасадорот Жбогар очекува земјава во јуни да добие преговори со ЕУ


Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека Северна Македонија може во јуни да добие почеток на преговори за членство во Европската унија. „Очекувам и се надевам дека во јуни земјите членки ќе усвојат позитивен извештај за да може Северна Македонија да добие преговори за членство во ЕУ“, истакна денеска амбасадорот на ЕУ во нашата држава, Самуел Жбогар …

Амбасадорот Жбогар очекува земјава во јуни да добие преговори со ЕУ Read More »

Калифорнија: Гувернерот Њусом го сопира извршувањето на 737 смртни казни


На извршување смртна казна во Калифорнија чекаат 737 луѓе, а во оваа сојузна американска држава последниот затвореник погубен е во 2006 година. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом ќе прогласи привремен мораториум на извршување смртни казни на што чекаат 737 затвореници, пишува Би-Би-Си. Американските медиуми наведуваат дека Њусом смртна казна ја опиша како „потполна спротивност на …

Калифорнија: Гувернерот Њусом го сопира извршувањето на 737 смртни казни Read More »