Во Хрватска нови 53 заболени од Ковид-19


  Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска денеска објави дела во послендните 24 часа има нови 53 заболени од корона вирус, а направени се 204 тестирања. „Немаме значителни нови жартишта. имаме неколку венчавки во различни краеви, и неколку прослави. Имаме едно ново жариште во дом за стари во Умаг. Вчера беа земени 90 брисеви …

Во Хрватска нови 53 заболени од Ковид-19 Read More »

Во Дебар заврши гласањето на болните од Ковид-19


Во Дебар заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19. – Поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19 за гласање беа пријавени 15 лица и сите го искористија своето право на глас. Ова право во текот на утрешниот ден треба да го остварат 29 болни и немоќни лица, изјави …

Во Дебар заврши гласањето на болните од Ковид-19 Read More »

Во Кичево гласаа 32 заразени со Ковид-19 и лица во самоизолација, тројца во Македонски Брод


Во Општинската изборна комисија Кичево за гласање на парламентарните избори се пријавиле 35 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација, во општина Македонски Брод три лица, додека во општина Пласница немаше пријавени лица болни од Ковид- 19 и лица во самоизолација за гласање. Од пријавените 35, во Кичево гласале 32 лица, бидеќи двајца одбиле да …

Во Кичево гласаа 32 заразени со Ковид-19 и лица во самоизолација, тројца во Македонски Брод Read More »

Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми


Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, изјави денеска во Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче. На ниво на цела држава денеска право на …

Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми Read More »

Норвешка донира медицинска опрема за полската болница Rolle 2


Донација од еден тон медицински материјал од Норвешка, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри наменети за полската болница Rolle 2, во врдност од околу 200 илјади евра, реализирана преку Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО и транспортирана од Алијансата, денеска беше предадена во касарната Илинден …

Норвешка донира медицинска опрема за полската болница Rolle 2 Read More »

Филипче: Не очекуваме поголем наплив на пациенти за прием во болница


Трендовите се уште се во насока на приближно ист процентот на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата …

Филипче: Не очекуваме поголем наплив на пациенти за прием во болница Read More »

Американската Амбасада донираше заштитни средства за организација на изборите


Амбасадата на САД во земјава денеска на Државната изборна комисија и предаде донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 дезинфициенци како помош и поддршка во напорите на Владата да се одржат безбедни избори и да се заштити здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес. -Чест ми е што сум тука со претседателот на ДИК …

Американската Амбасада донираше заштитни средства за организација на изборите Read More »

Обвинение за противправно лишување од слобода на државјанка на Италија​


Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „противправно лишување од слобода“. -Обвинителството ги товари обвинетите соизвршители дека на 3 јули 2020 година противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. …

Обвинение за противправно лишување од слобода на државјанка на Италија​ Read More »

Горивата поскапуваат од половина до еден денар


Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за …

Горивата поскапуваат од половина до еден денар Read More »

Израелски министер повика повторно да се воведе карантин


Израелскиот министер за енергетика, Јувал Штајнц, кој е близок до премиерот Бенјамин Нетанјаху, денеска повика повторно да се воведе карантин за да се спречи заразата со корона вирусот да излезе од контрола. – Верувам дека сега мора да преминеме на карантин, рече Штајнц во интервју емитувано на „Енет“, онлајн верзијата на израелскиот најпродаван весник „Једиот …

Израелски министер повика повторно да се воведе карантин Read More »

Планинар се изгубил на Шар Планина, најден утрово во бачило


Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници. Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река“. – Во 20 часот и 40 минути, …

Планинар се изгубил на Шар Планина, најден утрово во бачило Read More »

Пожар во станбено-деловниот комплекс на плоштадот во Тетово


Пожар избувна вчера околу 22 часот на покривот од станбено-деловниот комплекс наречен Чешел на градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица. Пожарот избувнал на покривот од деловните канцеларии, а го изгаснале девет пожарникари со три возила.   – Релативно брзо дојдовме на местото и успеавме да го изгасиме пожарот додека траеше на покривот од комплексот. За …

Пожар во станбено-деловниот комплекс на плоштадот во Тетово Read More »

Над 80 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 во Рим се од странство


Околу 80 проценти од новите случаи на корона вирус во Рим се позитивни случаи од странство, тврдат здравствените власти во Лацио. Според локалните медиуми, 12 лица позитивни на Ковид 19 се поврзани со летови од Бангладеш, еден е утврден по враќање од Украина, потоа една жена од Мексико, маж од Црна Гора и маж од …

Над 80 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 во Рим се од странство Read More »

Почина ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи


Ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи почина на 59 години, утрово во болница во Јоханесбург. Во овој миг таа ја извршуваше функцијата амбасадор на Јужна Африка во Данска. Ќерката на познатиот јужноафрикански лидер и борец против апартхејдот, стана позната во 1985 година кога го прочита славното писмо на нејзиниот татко со кое тој ја отфрли понудата …

Почина ќерката на Нелсон Мандела, Зинѕи Read More »

За убиството на Пино, Ангела Ѓорѓиевска доби затвор од 19 години


Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26-годишниот Пинета Секондо – Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години, јави Сител. Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство. Тој со пушка го застрелал во главата …

За убиството на Пино, Ангела Ѓорѓиевска доби затвор од 19 години Read More »

Еден загинат и 16 повредени, во сообраќајките на патот Штип-Радовиш


На лице место загинал 42 годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни …

Еден загинат и 16 повредени, во сообраќајките на патот Штип-Радовиш Read More »

Подготовки за евентуален есенски бран на Ковид-19, се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини


Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови. Од Министерството за здравство соопштија дека овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона …

Подготовки за евентуален есенски бран на Ковид-19, се формираат регионални „Ковид – центри“ во 16 општини Read More »

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани соопшти дека право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат различни …

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата Read More »

Потребен е минимален напор да се селектира отпадот, а разликата е огромна, порачуваат од „Пакомак“


Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе …

Потребен е минимален напор да се селектира отпадот, а разликата е огромна, порачуваат од „Пакомак“ Read More »

Си-Ен-Ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија


По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледа идејата за продажба на овој остров во 2017 година, изјави за „Њујорк Тајмс“ Елејн Дјук, поранешен заменик началник за национална безбедност, јави Си-Ен-Ен. – Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател, рече Дјук. Таа додаде дека продажбата на Порторико никогаш не …

Си-Ен-Ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија Read More »