Над 80 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 во Рим се од странство


Околу 80 проценти од новите случаи на корона вирус во Рим се позитивни случаи од странство, тврдат здравствените власти во Лацио.

Според локалните медиуми, 12 лица позитивни на Ковид 19 се поврзани со летови од Бангладеш, еден е утврден по враќање од Украина, потоа една жена од Мексико, маж од Црна Гора и маж од Авганистан.

Здравствените власти посочуваат дека ова е индикација дека контролата на влез и изолацијата се клучни во оваа фаза од борбата против вирусот.

Италија привремено забрани влез од 13 земји, за кои смета дека се ризични, вклучително и Црна Гора и Северна Македонија.

Во Лацио, регионот на главниот град на Италија, има повеќе од 900 активни случаи на кКовид- 19, од кои околу 700 се изолирани дома, а околу 200 се во болница.