Во Хрватска нови 53 заболени од Ковид-19


 

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска денеска објави дела во послендните 24 часа има нови 53 заболени од корона вирус, а направени се 204 тестирања.

„Немаме значителни нови жартишта. имаме неколку венчавки во различни краеви, и неколку прослави. Имаме едно ново жариште во дом за стари во Умаг. Вчера беа земени 90 брисеви и сите се негативни, што е добра вест. Во уште една установа поради температура беа земени голем борј брисеви и сите се негативни“, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак.

Според штабот стапката на заразени е 4,01 отсто.

Сепак, овие бројки се однесуваат за периодот од 24 часа до 12.45 денеска, а поединечни жупании јавуваат за поголем број заразени, односно ако се соберат бројките од сите пристигнати резултати по жупании има нови 63 случаи, но дел од нив ќе влеат во утрешната статистика.

Во Хрватстка од почетокот на епидемијата регистрирани се повеќе од 3.800 случаи, а активни се околу 1.200, додека починати се 119 лица.