Јапонија даде грант од 813.000 за здравствените институции


Амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда, како претставник на Владата на Јапонија и Вицепремиерот Н.Е. Никола Димитров, како претставник на Владата на Северна Македонија, потпишаа и разменија ноти за грант помош од 100 милиони јени (еквивалент на 813.000 евра) за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19. Амбасадорката Ханеда, Н.Е. Димитров и …

Јапонија даде грант од 813.000 за здравствените институции Read More »

Навални: Ме трујат бидејќи им претставувам закана пред изборите


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави денеска дека е сигурен оти руските разузнавачки служби го труеле со нервен агенс „новичок“, бидејќи претставувал закана за власта пред парламентарните избори следната година. – Свесни се дека постојат големи, големи проблеми, кои им претставуваат закана пред изборите за Државна дума, истакна Навални. Тој нагласи дека не знае како …

Навални: Ме трујат бидејќи им претставувам закана пред изборите Read More »

(Видео) Инсталација „Парк на книгата“ отворена во Ново Лисиче


Во Ново Лисиче денеска беше отворена просторната едукативна инсталација наречена Паркот на книгата која е наменета за најмладите. На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот  Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. – Станува збор за едукативна инсталација која има за цел кај децата уште во најрана возраст, на еден забавен начин, низ …

(Видео) Инсталација „Парк на книгата“ отворена во Ново Лисиче Read More »

Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово


Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, напиша премиерот Зоран …

Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово Read More »

Облачно со дожд утре, а задутре опаѓање на температурата


Времето утре ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а дневната од 17 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. И в четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен …

Облачно со дожд утре, а задутре опаѓање на температурата Read More »

(Видео) Без сопирачки возеле автобуси во јавниот сообраќај, 15 исклучени од употреба


Министерството за внатрешни работи во понеделникот во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје  санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а …

(Видео) Без сопирачки возеле автобуси во јавниот сообраќај, 15 исклучени од употреба Read More »

Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители на телефонскиот број 072/912-676 


Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.  Телефонскиот број 072/912-676 е достапен секој …

Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители на телефонскиот број 072/912-676  Read More »

ЈСП Скопје пушти повеќе автобуси во сообраќај


Ве информираме дека од денеска, вторник (6.10.2020 год) на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, …

ЈСП Скопје пушти повеќе автобуси во сообраќај Read More »

Одложено рочиштето за ,,Ласкарци”, случајот во доказна постапка


Боледувањето на еден од судиите во случајот ,,Ласкарци”, го одложи денешното рочиште за овој предмет. Следната главна расправа е закажена за 15 октомври. Адвокатот Дељо Кадиев, кој е дел од одбраната за овој случај за МИА, изјави дека се работи за голем предмет и заради тие уште трае судењето. – Обвинителството заврши со презентациј на …

Одложено рочиштето за ,,Ласкарци”, случајот во доказна постапка Read More »

По хаосот поништени изборите во Киргистан


Централната изборна комисија на Киргистан денеска ги прогласи изборните резултати за неважечки. Парламентарните избори во оваа земја се одржаа на 4 октомври. „Поради неправилности во текот на гласањето и во предизборниот период, на состанокот на членовите на Централната изборна комисија донесена е одлука парламентарните избори да се прогласат за неважечки – се наведува во соопштението …

По хаосот поништени изборите во Киргистан Read More »

Во Бугарија 283 новозаразени, починаа двајца


Во Бугарија во последните 24 часа потврдени се нови 283 заразени со корона вирус, а тестирани биле 3.713 примероци. Активни се 5.837 случаи. Од последните пресек починале уште двајца пациенти. Од почетокот на пандемијата во Бугарија заразени се 21.870 лица, а починаа 854 пациенти.

Доктор Александар Трајановски нов директор на ТОАРИЛУЦ


Министерството за здравство соопшти дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски. Доктор Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и …

Доктор Александар Трајановски нов директор на ТОАРИЛУЦ Read More »

Почина Илче кого родителите го запоставуваа


Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишниот Илче, штитеник на Специјалниот завод Демир Капија. Илче, кој имаше ретка дијагноза, долго време живеел без родителска грижа во Охрид, а според изјава на директорката на Центарот за …

Почина Илче кого родителите го запоставуваа Read More »

Листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија пред САД


По затворањето на границите на речиси сите земји во светот поради пандемијата од корона вирус, сепак годинава не изостана листата на најмоќни пасош, па Обединетите нации ги рангираат пасошите на 193 земји члеки. Листата се заснова на тоа колку на земјата со пасош ѝ е одобрен безвизен пристап или виза добивате по влез во земјата. …

Листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија пред САД Read More »

Италијански села целосно блокирани по обилните поплави во текот на викендот


Минатиот викенд силно невреме ја погоди границата на Италија и Франција. Невремето предизвика зголемување на нивото на водите, што пак доведе до обилни поплави. Волонтер пожарникар беше меѓу првите што загинаа во невремето, поради кое повеќе села останаа отсечени од остатокот од светот. Обилен дожд паѓаше од петок до сабота, што влијаел врз водостојот на …

Италијански села целосно блокирани по обилните поплави во текот на викендот Read More »

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022


Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави. Пријавувањето е преку официјалната веб страна dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година. Од Амбасадата на САД во Северна Македонија …

Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022 Read More »

Во сообраќајка кај Струмица тројца повредени


Три лица се повредени во сообраќајка, која се случи синоќа околу 18:30 часот, на влезот во селото Муртино на регионалниот пат од ова село кон селото Робово. Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во незгодата учествувале трактор и автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски таблички. Повредени се возачот и сопатник од …

Во сообраќајка кај Струмица тројца повредени Read More »

Рекорден број новозаразени во Мексико


  Во Мексико во последните 24 часа забележан е најголем дневен пораст на бројот нови случаи со корона висур од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство. Од последниот пресек потврдени се 28.115 нови случаи, а починаа 2.789 луѓе, пренесе Ројтерс. Вкупно во Мексико забележани се 789.780 случаи со корона вирусо, а починаа 81.877 пациенти.

Куомо нареди да се затворат училиштата во Њујорк


  Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, нареди денеска да се затворат сите училишта и неколку „жешки точки“ ширум државата, поради корона вирусот. Училиштата ќе бидат затворени и во градските квартови на Њујорк, Бруклин и Квинс. „Нема да препорачам, ниту да дозволам кое и да е њујоршко семејство да го прати детето во училиште, во …

Куомо нареди да се затворат училиштата во Њујорк Read More »

(Видео) Со камион урнаа капија, упаднаа во зградата на парламентот на Киргистан


  Демонсктантите во Киргистан упаднаа во зградите на владата и на парламентот и ги ослободија поранешниот претседател и премиерот од затвор. Нередите во главниот град на Киргистан, Бишкек избија како резултат наизборите. Полицијата против демонстрантите користеше гумени куршуми,солзавец и водени топови, но граѓаните на Бишкек беа надмоќни и упаднаа воз градата. Според Министерството за здравство …

(Видео) Со камион урнаа капија, упаднаа во зградата на парламентот на Киргистан Read More »