Во Србија 11 починати од корона вирусот, помалку од вчера


 

Денеска во Србија пријавени се 11 смртни случаи од корона вирус, а има 1.318 нови заразени, од кои речиси половината се во Белград – 583.

Во ковид одделенијата се хоспитализирани 2.637 пациенти, а денеска на респиратор се 119 пациенти.

Од почетокот на епидемијата тестирани се 1.429.551 примероци, а регистрирани се 64.065 заболени. Потврдени се 901 смртен случај.

Стапката на смртност во последните две недели е 1,41 остто и продолжува да паѓа.

Српсскиот министер за здравство д-р Златибор Лончар денеска предупреди дека епидемиолошката ситуација е најлоша во Белград, каде има најмногу заболени и најголем е притисокот на здравствените установи, и дека нема веќе можност за отворање дополнителни цовид оддели во болниците.

Ги повтори предупредувањара, ако продолжи растот на заразени и притисокот врз здравствениот систем во престолнината, пациенти од Белград ќе мора да бидат упатени во болниците во други градови.