Реџепи ќе се одмаздува на избори


Навидум вообичаена работна атмосфера владееше вчера во седиштето на Исламската верска заедница. Реисот Сулејман Реџепи уште во раните утрински часови се појави на работното место сакајќи да остави впечаток дека вторничките драматични случувања и обидот за негова смена не го потресле многу. Со насмевка на лицето, прокоментира дека продолжува со работа брзајќи на средба со …

Реџепи ќе се одмаздува на избори Read More »

Силјановска вапса јајца


  Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска – Давкова се пофали на својот фејсбук профил дека изутрина бојадисала јајца според традицијата која налага домаќинките да ги бојадисуваат првите три велигденски јајца на Велики четврток пред изгрејсонце. „За многу години“, порача Силјановска.  

Се вапсаа првите црвени, велигденски јајца


Првото вапсано јајце е Божјо, Божјарче. Се вапсува пред да изгрее сонцето и е посветено на Бога. Се чува преку целата година. За здравје е и за бериќет, објаснува прилепчанката  Надежда Белушаноска која пред изгрјсонце, изутрината, на величетврток не само што го вапса првото, туку ги вапса црвени трите први велигендски јајца: за бога да …

Се вапсаа првите црвени, велигденски јајца Read More »

Шри Ланка призна голем пропуст на разузнавачките служби


Шри Ланка призна „голем пропуст на разузнавачките служби“ пред бомбашките напади на католичкиот Велигден во кои загинаа 359 и беа повредени повеќе од 500 луѓе, јави Слободна Европа. Властите на островската земја предупредувањата на Индија од почетокот на месецот за потенцијални напади не ги земаа предвид, беше кажано во Парламентот на Шри Ланка. Претседателот Маитрипала …

Шри Ланка призна голем пропуст на разузнавачките служби Read More »

„Фејсбук“ очекува рекордна казна поради протекување лични податоци


Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека очекува американските власти да и изречат рекордна казна од меѓу три и пет милиони долари, поради протекување на лични информации на корисниците на социјалната мрежа. Најавата следи откако минатата недела американската Федерална комисија за трговија започна истрага по обвинувањата за протекување на лични податоци на корисниците на „Фејсбук“. Извори од компанија …

„Фејсбук“ очекува рекордна казна поради протекување лични податоци Read More »

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина


Неодамна декласифицираните документи на американското Федерално истражно биро (ФБИ), покажуваат дека службата водела истрага за наводите дека германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер не извршил самоубиство на 30 април 1945 година како што тврди официјалната историја, туку дека наводно побегнал со подморница во Аргентина. Според овие наводи, Хитлер, неговата сопруга Ева Браун и други високи претставници …

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина Read More »

Сè измислувале работни места за да се удомат роднини на функционери


Без соодветен записник за бодирањето и рангирањето, без интервјуа, но со креирани нови работни места пред распишување на огласите… Така течел процесот на непотизам во државните и јавни институции. Антикорупциска утврдила дека постои непотизам во девет случаи од првите 18 за кои отвори предмети. Меѓу нив, сомнежи за директно влијание има во случаите со вработувањето …

Сè измислувале работни места за да се удомат роднини на функционери Read More »

Средба Си-Вучиќ: Кина и Србија ги поврзува „челично пријателство“


Билатералните односи, економската соработка и косовското прашање беа главни теми на денешната средба на претседателите на Кина и Србија, Си Џинпинг и Алексндар Вучиќ во Пекинг. Како што јави Танјуг, на средбата е оценето дека Пекинг и Белград ги поврзува „челично пријателство“, при што Вучиќ му се заблагодарил на Си за „сето она што Кина …

Средба Си-Вучиќ: Кина и Србија ги поврзува „челично пријателство“ Read More »

Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка


Судијката од Основниот суд Скопје 2, Сузана Дончевска, го сврте вниманието на јавноста кон себе по неколку одлуки кои се најдоа во фокусот на медиумската и политичката сцена. Последното решение кое ги разбуди политичките духови, а е запечатено со името на Дончевска, е донесено на 17 април оваа година. Според официјалното соопштение, Основниот суд Скопје …

Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка Read More »

УЈП: Можни се прекини на електронскиот систем за ГДП, но тоа не ги оштетува правата на корисниците


Краткотрајниот прекин на електронскиот систем за генерирање и доставување претпополнети даночни пријави (ГДП), како оној што се случи денеска  од 09:30 часот до 10:30 часот, не нанесува штета на правото на корисниците, односно на граѓаните кои се регистрирани бидејќи тие ќе можат да ги потврдат или коригираат претпополнетите ГДП заклучно со крајниот рок 31.05.2019 година. …

УЈП: Можни се прекини на електронскиот систем за ГДП, но тоа не ги оштетува правата на корисниците Read More »

Голема количина оружје најдено на нива кај Матејче


Министерството за внатрешни работи информираше дека на нива во близина на Матејче била пронајдена поголема колочина оружје. Вчера во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље …

Голема количина оружје најдено на нива кај Матејче Read More »

Во Скопје утре ќе се прска против комарци


Првата фаза од терестричната дезинсекција (од земја) против ларви од комарци во Скопје ќе се изврши утре, од 8 до 17 часот. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, соопшти Град Скопје. Градските власти ги известуваат пчеларите на …

Во Скопје утре ќе се прска против комарци Read More »

Литургијата на папата Франциско на плоштадот ќе ја следат 15.000 посетители


Посетата на папата Франциско е огромна чест за нашата земја и за нејзина афирмација во светот, а е и во знак на одбележување на јубилејот 25 години од воспоставување на дипломатските односи со Ватикан. – Оваа посета на папата Франциско е дочекана со голема радост и благодарност пред се од верниците католици, но и од …

Литургијата на папата Франциско на плоштадот ќе ја следат 15.000 посетители Read More »

ДСКС: Прекршочна за Бектеши, градоначалникот на Прилеп „сменил“ правилник за да вработи


ДКСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор. За градоначалникот на Прилеп од редовите на СДСМ, …

ДСКС: Прекршочна за Бектеши, градоначалникот на Прилеп „сменил“ правилник за да вработи Read More »

Премиерката на Шкотска ќе го претстави планот за нов референдум за независност


Премиерката на Шкотска Никола Старџен денеска ќе претстави план за нов референдум за независност од Велика Британија. Планот, кој ќе го претстави пред парламентот во Единбург се однесува на „Брегзит и иднината на Шкотска. Во соопштението од нејзината канцеларија не се соопштува дали таа ќе го одреди и датумот за нов референдум. На референдумот во …

Премиерката на Шкотска ќе го претстави планот за нов референдум за независност Read More »

ДКСК со две прекршочни постапки против претседателот Иванов


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период, објавени во Службени весник на 26.02.2019 година, што претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и …

ДКСК со две прекршочни постапки против претседателот Иванов Read More »

Суд: Решението за промена на Реисот не е правосилно


  Основниот суд Скопје 2, денеска, преку соопштение го појаснува решението за промена во раководството на Исламската верска заедница што доведе до тензии во таа институција. Од судот објаснуваат дека одлуката ја донеле врз основа на поднесена неотповиклива оставка на Реис Ул Улема Сулејман еф Реџепи примена на ден 25.03.2019 година, по што, како што …

Суд: Решението за промена на Реисот не е правосилно Read More »

Српската листа не доби дозвола за учество на локалните избори во северно Косово


Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово не ја завери најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) и нејзините четворица кандидати за вонредните локални избори во северно Косово на 19 мај, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната седница на ЦИК беа присутни девет од 11 членови, за заверка на кандидатите на СЛ гласаа …

Српската листа не доби дозвола за учество на локалните избори во северно Косово Read More »

Конфедерацијата на синдикалните организации ќе одржи протест на 1-ви мај


Претставници на Конфедерацијата на синдикални организации најавија дека по повод 1-ви мај, Меѓународниот ден на трудот, ќе организираат протест. Маријан Ристески, претставник на Конфедерацијата, наведе дека оваа година синдикалните претставници ќе ги прошират нивните барања за заштита на правата на работниците. Посочи дека, поради тоа што во последно време се регистираат напади врз припадници на …

Конфедерацијата на синдикалните организации ќе одржи протест на 1-ви мај Read More »

Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов


Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на денешната 95-та седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за централен регистар на население и за извршување на санкциите. Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за електронско …

Собранието усвои повеќе закони вратени од Иванов Read More »