Албанскиот претседател Илир Мета му честиташе на Стево Пендаровски


Претседателот на Република Албанија, Илир Мета му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател на Републка Северна Македонија. Мета во телефонскиот разговор со Пендаровски честитајќи му го изборот искажал убедување во одличната соработка во иднина не само меѓу двете земји,туку и за зајакнување на евро-атлантската перспектива на регионот. Инаку, албанските медиуми во континуитет денеска …

Албанскиот претседател Илир Мета му честиташе на Стево Пендаровски Read More »

ДИК: Стево Пендаровски е избран за нов претседател


Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат првичните неофицијални резултати од денешниот втор круг на претседателските избори што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Според податоците на ДИК од обработени над 98 отсто од гласовите, или 3.436 избирачки места, Пендаровски освоил 423.292 гласа или 51,83 отсто, а …

ДИК: Стево Пендаровски е избран за нов претседател Read More »

Заев: Заедно одиме напред со Стево Пендаровски!


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, му порача да ги чува граѓаните, да биде правичен и критичен. „Водевме достоинствена и европска кампања. Северна Македонија покажа врвни демократски капацитети. Покажавме уште еднаш дека сме подготвени за Европа. Никој не може да застане на патот на европските перспективи“, рече Заев. „Исходот од денешните …

Заев: Заедно одиме напред со Стево Пендаровски! Read More »

(Видео) Пендаровски: Ќе ви служам посветено на сите


Стево Пендаровски, им се заблагодари на насобраните во седиштето на СДСМ, на македонски и албански јазик, порача дека одлучиле да продолжат „Заедно напред“. „Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш повеќе режим“, рече Пендаровски. „Свечено сакам да објавам …

(Видео) Пендаровски: Ќе ви служам посветено на сите Read More »

Груби: Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата!


Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби на социјалните мрежи ја истакна важноста на ДУИ и Али Ахмети на овие претседателски избори. „Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание Али Ахмети и ДУИ прават Премиери Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата П О Б …

Груби: Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата! Read More »

Преброени над 90 проценти од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто. Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто …

Преброени над 90 проценти од гласовите: Пендаровски 52,38 отсто, Силјановска 44,06 Read More »

Во Велика Британија пронајден гробот на „човекот слон“


  По 130 години барање, во Велика Британија, пронајден е необележан гроб на Џозеф Мерик, попознат како „човекот слон“. Мерик имал коскена деформација на ткивото поради што е прикажуван како циркуска атракција, а подоцна проучуван како медицински феномен. Првите знаци на неговиот деформитет, за кој научниците подоцна рекле дека се работи за Протеусов синдром, е …

Во Велика Британија пронајден гробот на „човекот слон“ Read More »

Шри Ланка: Забрана за користење социјални мрежи поради шпекулации


Владата на Шри Ланка денеска повторно воведе забрана за користење на социјалните мрежи со цел да го спречи ширењето шпекулации по избивањето насилство меѓу групи цивили во Негомбо, северно од главниот град Коломбо, и место каде беше извршен еден од бомбашките напади за време на католичкиот Велигден. Бомбашките напади, кои ги извршија исламски екстремисти врз …

Шри Ланка: Забрана за користење социјални мрежи поради шпекулации Read More »

МОСТ: Пендаровски победи со 51,51 отсто пред Силјановска Давкова со 44,93 отсто од гласовите


На претседателските избори кандидатот Стево Пендаровски освои 51,51 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 44,93 отсто покажуват резултатите од ПВТ на Граѓанската асоцијација МОСТ. Како што кажа претседателот на МОСТ Дарко Алексов на последната прес-конференција на Граѓанската асоцијација по изборниот ден одѕивот на изборите од ПВТ програмата изнесува 46,55 проценти со маргина …

МОСТ: Пендаровски победи со 51,51 отсто пред Силјановска Давкова со 44,93 отсто од гласовите Read More »

Со зурли и тапани се слави пред седиштето на СДСМ


  Со зурли, тапани, македонското и европското знаме се слави победата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, пред седиштето на СДСМ. Како што се зголемува бројот на пребројани гласови по вториот изборен круг, а останува предноста на Пендаровски пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова, група граѓани донесоа зурли и тапани пред седиштето на СДСМ, каде се …

Со зурли и тапани се слави пред седиштето на СДСМ Read More »

Спасовски: Изборите поминаа во мирна атмосфера со мал број неправилности


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека изборите поминале во мирна и фер атомосфера, а граѓаните покажале зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината. „Имавме одлично спроведен изборен ден со незначителен број на неправилности без нарушување на јавниот ред и мир“, рече Спасовски. Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата што овој пат, …

Спасовски: Изборите поминаа во мирна атмосфера со мал број неправилности Read More »

Кирацовски: Пендаровски е во водство


Успешни, слободни, фер и демократски избори со постигнат цензус, е првата оценка на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по затворањето на гласачките места во вториот круг од претседателските избори. „Гласот на секој граѓанин денес е јасен придонес кон таа напредна иднина. Граѓаните масовно го искористија своето гласачко право на мирен и достоинствен начин и …

Кирацовски: Пендаровски е во водство Read More »

ДИК: Пендаровски 57,64 проценти, Силјановска 38,95 отсто


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 32,72 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 57,64 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38, 95 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 …

ДИК: Пендаровски 57,64 проценти, Силјановска 38,95 отсто Read More »

Бајрами: Изборниот ден помина во најдобар ред


Изборниот ден помина во најдобар ред, со исклучок на еден настан пријавен на територија на Вишо јавно обвинителство Гостивар, изјави денеска на прес-конференција јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами. До 19 часот до основните јавни обвинителства, посочи Бајрами, нема други пријавени настани поврзани со денешниот …

Бајрами: Изборниот ден помина во најдобар ред Read More »

Јанушев: Власта е детронизирана, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата


  Шефот на изборниот штаб на кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, рече дека денес народот победил и сѐ освен победа на професорката Силјановска фрла сомнеж на изборот. „Власта не беше на ниво. Забележани се нерегуларноти. Овие нерагуларности се од паника и од страв. Привилегии кои народот им ги …

Јанушев: Власта е детронизирана, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата Read More »

Касами: Да покажеме дека припаѓаме на ЕУ


Претседателот на партијата Беса Билал Касами го исполни своето право на глас во Тетово. Гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. – Денеска ја искористив мојата граѓанска можност да гласам на претседателските избори, за да дадема можност Македонија да оди напред во годината 2019 кога очекуваме да добиеме датум за отворање на преговори …

Касами: Да покажеме дека припаѓаме на ЕУ Read More »

Иванов: Идниот претседател да го сочува достоинството на институцијата


Како и сите граѓани и јас лично очекувам овој изборен ден да помине во најдобар ред и веќе вечер да знаеме кој ќе биде петтиот претседател на државата, изјави претседателот Ѓорге Иванов откако гласаше во вториот изборен круг на избирачко место во Средното училиште „Јосип Броз Тито“. Иванов очекува идниот претседател да има многу помирен …

Иванов: Идниот претседател да го сочува достоинството на институцијата Read More »

Џафери: Очекувам да биде исполнет цензусот


Со изборот на претседател ќе го заокружиме процесот на евроатланските интеграции, изјави претседателот на Собранието, Таљат Џафери, кој утрово, во родното Форино, придружуван од сопругата, гласаше во вториот круг од претседателските избори. Џафери очекува изборниот процес да мине мирно, исто како во првиот круг, бидејќи, како што нагласи, нема причини да не биде така. Смета …

Џафери: Очекувам да биде исполнет цензусот Read More »

Пендаровски: Очекувам уште поубедлива победа


Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски очекува мирен изборен ден и, како што рече, уште поубедлива победа во вториот круг на претседателските избори. -Денешниот изборен ден во вториот изборен круг почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени …

Пендаровски: Очекувам уште поубедлива победа Read More »

Силјановска-Давкова: Името ќе го почитувам, но нема да го користам


Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова денеска, на вториот круг од претседателските избори гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“. Силјановска изјави дека очекува поголема излезност и победа. –  Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислев дека треба да се инспирираат или да им се разјаснат дилемите …

Силјановска-Давкова: Името ќе го почитувам, но нема да го користам Read More »