Касами: Да покажеме дека припаѓаме на ЕУ


Претседателот на партијата Беса Билал Касами го исполни своето право на глас во Тетово. Гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
– Денеска ја искористив мојата граѓанска можност да гласам на претседателските избори, за да дадема можност Македонија да оди напред во годината 2019 кога очекуваме да добиеме датум за отворање на преговори за пристап во Европската Унија, рече Касами по гласањето.

Истакна дека со изборите ќе докажеме оти конечно сме подготвени да организираме фер и демократски избори, и, како што рече, да покажеме дека припаѓаме во Европската Унија каде и сакаме да бидеме.