(Видео) Пендаровски: Ќе ви служам посветено на сите


Стево Пендаровски, им се заблагодари на насобраните во седиштето на СДСМ, на македонски и албански јазик, порача дека одлучиле да продолжат „Заедно напред“.

„Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш повеќе режим“, рече Пендаровски.

„Свечено сакам да објавам дека ќе ви служам посветено на сите“, додаде Пендаровски.

https://www.facebook.com/NezavisenVesnik/videos/325729098113439/