Во Велика Британија пронајден гробот на „човекот слон“
По 130 години барање, во Велика Британија, пронајден е необележан гроб на Џозеф Мерик, попознат како „човекот слон“.
Мерик имал коскена деформација на ткивото поради што е прикажуван како циркуска атракција, а подоцна проучуван како медицински феномен.
Првите знаци на неговиот деформитет, за кој научниците подоцна рекле дека се работи за Протеусов синдром, е ретко генетско нарушување, а се појавиле кога имал пет години.
По мачното и тешко детство и адолесценција и времето поминато во циркус, Мерик завршил во болница во источниот дел на Лондон, каде го изненадил персоналот со својата интелигенција и нежната природа.
Умрел на 11 април 1890 година на возраст од 27 години, веројатно поради гушење поради тежината на својата глава кога легнал да спие.
По смртта, неговото тело е сецирано, а скелетот е сочуван како анатомски експонат во Кралската болница во Лондон поради изучување, јави BBC.