Кирацовски: Пендаровски е во водство


Успешни, слободни, фер и демократски избори со постигнат цензус, е првата оценка на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по затворањето на гласачките места во вториот круг од претседателските избори.

„Гласот на секој граѓанин денес е јасен придонес кон таа напредна иднина.
Граѓаните масовно го искористија своето гласачко право на мирен и достоинствен начин и го избраа петтиот претседател на државата. Република Северна Македонија спроведе кристално чисти и демократски избори како што доликува на модерна европска демократска држава“, рече Кирацовски.

Според него, првичните тенденции се дека Стево Пендаровски е во водство и очекуваат победа.

„Очекувам и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирно и демократските спроведени избори. Изборниот ден до самиот крај и по прогласувањето на резултатите да финишира во една ваква демократска атмосфера како што ја имавме денеска“, рече Кирацовски.