Со зурли и тапани се слави пред седиштето на СДСМ


 

Со зурли, тапани, македонското и европското знаме се слави победата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, пред седиштето на СДСМ.

Како што се зголемува бројот на пребројани гласови по вториот изборен круг, а останува предноста на Пендаровски пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова, група граѓани донесоа зурли и тапани пред седиштето на СДСМ, каде се разви и оро.