Почна пријавувањето на штетите од пожарот во „Глобал“ во Општинската комисија за проценка


Сопствениците и корисниците на деловни објекти, кои претрпеа штети од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“, почнаа да ги доставуваат барањата за финансиска помош до Општинската комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди. Според Ацо Ѓоргиев, претседател на комисијата, досега се поднесени десет барања. -Според единствената методологија за проценка на штети од елементарни …

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во „Глобал“ во Општинската комисија за проценка Read More »

Царовска на состанок со Млади-МОН: Унапредување на студентскиот и ученичкиот стандард е наш врвен приоритет


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа онлајн-состанок со работната група Млади-МОН на кој се дискутираше за повеќе актуелни прашања во врска со унапредувањето на младинските политики во областа на образованието, кои се врвен приоритет на Министерството. Како што соопшти МОН, главни теми на дискусија беа потребата од измени во системот на стипендирање …

Царовска на состанок со Млади-МОН: Унапредување на студентскиот и ученичкиот стандард е наш врвен приоритет Read More »

Битиќи: Угостителскиот сектор не е помалку поддржан, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи не се согласува со констатацијата на Независната угостителска комора дека угостителите не се поддржани наспроти сите останати сектори. Во одговор на новинарско прашање, Битиќи денеска посочи дека уште во првиот и вториот актикризен пакет имало мерки насочени само кон угостителскиот сектор и …

Битиќи: Угостителскиот сектор не е помалку поддржан, сите треба да бидеме разумни во очекувањата и можностите Read More »

Во Милано од денеска е забрането пушење на јавни места


Од денеска областа на градот Милано станува зона за непушачи на јавни места, јавија италијанските медиуми. Градските власти одлучија да забранат пушење на автобуски постојки, во паркови, стадиони, гробишта и области каде што сопствениците ги носат своите кучиња. Одлуката е донесена во ноември минатата година, таа ќе стапи во сила денеска, а до 2025 година, се планира забраната да се прошири на сите …

Во Милано од денеска е забрането пушење на јавни места Read More »

Во Хрватска нови 902 случаи со корона вирус, починаа 27 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска има 902 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни изнесува 3.481. Меѓу нив 1.603 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратор се 151 пациент. Починаа 27 пациенти или вкупно 4.711 досега. Од Ковид-19 во Хрватска досега заболеа 226.550 лица, додека оздравеа 218.358 …

Во Хрватска нови 902 случаи со корона вирус, починаа 27 пациенти Read More »

Почнува процедурата за прогласување дел од планината Водно за заштитено подрачје


Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен …

Почнува процедурата за прогласување дел од планината Водно за заштитено подрачје Read More »

Во Грција потврдени вкупно 26 случаи на новиот вид на Ковид-19


Два нови случаи на новиот вид на Ковид-19, се откриени во Грција, според грчките медиуми, а потврдени се вкупно 26 случаи на мутираниот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на телевизијата „Open“, од 26 случаи, 24 се „увезени“, односно потврдени кај патници кои пристигнале од странство, …

Во Грција потврдени вкупно 26 случаи на новиот вид на Ковид-19 Read More »

Завршува зимскиот распуст и рокот за праќање коментари за нацрт-концепцијата за основно образование


За основците и средношколците денеска е последниот ден од зимскиот распуст кој трае од 31 декември. Утре ќе го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година и ќе се вратат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи. Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие …

Завршува зимскиот распуст и рокот за праќање коментари за нацрт-концепцијата за основно образование Read More »

Силен земјотрес ја погоди Австрија


  Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер забележан е утрово во средишна Австрија. Земјотресот се случил во 8.30 часот, шест километри западно од Адмонт, во покраината Штаерска, 77 километри јужно-југосисточно од Линц. Според податоците на Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, потресот бил на длабочина од два километра.

Кинеските Синофарм и Синовак сакаат да бидат дел од Ковакс


 Кинеските производители на вакцини – Синовак, Синофарм и Кансино Био – поднеле барање да бидат дел од Ковакс системот, глобална програма организирана од Светската здравствена организација, изјави денеска кинеската министерка за надворешни работи Хуа Чунјинг. Освен 172 земји во светот, дел од Ковакс се и вакцините Иновио (САД, фаза 2), Модерна (САД, фаза 3), КјурВак (фаза 1), Институтот Пастер/Мер, Тем/САД/Австрија …

Кинеските Синофарм и Синовак сакаат да бидат дел од Ковакс Read More »

НУК: Првата одлука од новиот антикризен пакет „ладен туш“ за угостителите


Владата со донесената прва мерка од петтиот антикризен пакет им подари на „локомотивите“ – членки на Стопанската комора на Македонија 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК). Според НУК, при крај …

НУК: Првата одлука од новиот антикризен пакет „ладен туш“ за угостителите Read More »

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП


Македонската ракометна репрезентација попладнево (15:30 часот) против Словенија го игра првиот натпревар во Групата 4 од главната фаза на Светското првенство во Египет. Македонските ракометари започнуваат од последното место во новоформираната група и без пренесени бодови од прелиминарната рунда поради двата пораза од Шведска и Египет. Во истиот термин, в петок, противник на македонските ракометари ќе им биде …

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП Read More »

(Видео) Џек Ма се обрати на јавноста по три месеци


  Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, постави видео-снимка на интернет. Со тоа заврши неговото речиси тримесечно исчезнување од јавноста, поради што почнаа нагаѓања за неговиот статус и деловна империја. Во снимката, која трае 50 секунди, Ма им честиташе на учителите кои ги поддршува неговата хуманитарна фондација, но не го кометираше своето исчезнување …

(Видео) Џек Ма се обрати на јавноста по три месеци Read More »

Бајден ќе се заколне пред знамиња место пред луѓе, пред Капитол поставени 200.000


Овогодинешната инаугурација на американскиот претседател Џо Бајден е сосема поинаква од сите претходни, а за тоа придонесе пандемијата од кроона вирус. Затоа, на ливадите пред Капитол во Вашингтон Бајден ќе положи заклетва пред Врховниот суд, а поставени се знамиња на САД место луѓе, додека на граѓаните наредено им е да не патуваат во главниот град. …

Бајден ќе се заколне пред знамиња место пред луѓе, пред Капитол поставени 200.000 Read More »

Бајден заплака при последниот говор пред инаугурацијата


  Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден се расплака при одржувањето на последниот говор пред заминувањето во Белата куќа. Бајден им се обрати на жителите на родниот Делавер заблагодарувајќи им се на сите кои го поддржале. „Сето ова го сфаќам многу емотивно. Бевте покрај мене во добро и во зло, целата моја кариера. Целото мое …

Бајден заплака при последниот говор пред инаугурацијата Read More »

Путин традиционално влезе во ледените руски води за Богојавление


Рускиот претседател Владимир Путин и годинава го запази неговото традиционално богојавленско капење, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. „Многумина ме прашуваат дали Путин учествувал во богојавленското капење. Вие знаете дека тој традиционално го прави тоа, тоа е неговата традиција. А Путин ги почитува традициите“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Оваа година Путин традиционалното капење …

Путин традиционално влезе во ледените руски води за Богојавление Read More »

Израелски стартап направи батерии за автомобили кои се полнат за пет минути


  Израелски стартап претстави батерии за елекстрични автомобили кои се полнат за пет минути, со што може да се стави крај на разговорите за батериите на електричните автомобили, односно за времето на полнење и дометот. Времето за полнење на батериите на електричните автомобили се уште е далеку од идеално, а токму тој проблем се обидува …

Израелски стартап направи батерии за автомобили кои се полнат за пет минути Read More »

Вархеи: Се воспоставува механизам за пристап на вакцините до Западен Балкан


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европската комисија ќе воспостави механизам за распределба на вакцините од земјите членки на ЕУ кон партнерските држави. – Специјален фокус ќе биде на Западен Балкан и земјите од европското соседство, напиша Вархеи на Твитер. Во документот кој ЕК го усвои денеска се наведува дека тој механизам би требало …

Вархеи: Се воспоставува механизам за пристап на вакцините до Западен Балкан Read More »

Нови деветмина починати и 294 заболени од Ковид-19 во Косово во изминатите 24 часа


Во Косово изминатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на Ковид-19, а во истиот период има и 294 нови случаи на зараза, кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 56.412 лица, од …

Нови деветмина починати и 294 заболени од Ковид-19 во Косово во изминатите 24 часа Read More »

Џо Бајден го номинираше првото трансродово лице во Владата на САД


  Новоизбраниот претседател Џо Бајден објави дека ја номинира д-р Рејчел Левин за помошничка-министер за здравство. Ако Сентатот ја потврди номинацијата, Левин би била првата трансродова сојузна злужбеничка во Владата на САД. Левин, која е секретар за здравство на американската сојузна дрѓава Пенсилванија, во моментот го води одговорот на државите на пандемијата од корона вирус. …

Џо Бајден го номинираше првото трансродово лице во Владата на САД Read More »