Џо Бајден го номинираше првото трансродово лице во Владата на САД


 

Новоизбраниот претседател Џо Бајден објави дека ја номинира д-р Рејчел Левин за помошничка-министер за здравство. Ако Сентатот ја потврди номинацијата, Левин би била првата трансродова сојузна злужбеничка во Владата на САД.

Левин, која е секретар за здравство на американската сојузна дрѓава Пенсилванија, во моментот го води одговорот на државите на пандемијата од корона вирус.

„Докторката Рејчел Левин ќе донесе стабилно водство и стручност која им е потребна на луѓето да ја надминат пандемијата, без оглед на нивниот поштенски број, расата, верата, сексуалната ориентација, родовиот идентитет или инвалидитет и ќе ги задоволи потребите на јавното здравство на нашата земја во критичен момент“, рече Бајден, додавајќе дека Леви е висококвалификуван избор за помош во водењето на напорите на американската администрација во здравството.

Новоизбраната потпретседателка Камала Харис, ја нарече Левин „извонредна јавна службеничка со знаење и искуство која на САД ќе им помогне да ја сузбијат пандемијата и ќе го заштити и подобри здравјето и благосостојбата на американскиот народ“.

Левин, која дипломирала на колеџот Харвард и Медицинскиот факултет на Универзитетот Тулан, завршила обука од педијатреија и адолесцентна медицина на Недизинскиот центар СИнаи во Њујорк. Таа исто така, е порефесор по педијатрија и психијатрија на Медицинскиот колеџ Пен Стејт и служи како претседателка на АСТХО, Здружението на државни и територијални здравствени работници.

Државниот сенат под контрола на републиканците три пати ја потврдуваше за секретар за здравство на Пенсилванија.

Таа е и автор за опиодина криза, медицинска марихуана, адолесцентна медицина, нарушувања во исхраната и ЛГБТК + медицина“.

Проектот за еднаквост во Пенсилванија ја прослави нејзината номинација за оваа позиција.