Во Хрватска нови 902 случаи со корона вирус, починаа 27 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска има 902 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни изнесува 3.481.

Меѓу нив 1.603 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратор се 151 пациент.

Починаа 27 пациенти или вкупно 4.711 досега.

Од Ковид-19 во Хрватска досега заболеа 226.550 лица, додека оздравеа 218.358 пациенти.

Тестирани се вкупно 1.134.221 лица, од кои 7.068 во последните 24 часа.