Нови деветмина починати и 294 заболени од Ковид-19 во Косово во изминатите 24 часа


Во Косово изминатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на Ковид-19, а во истиот период има и 294 нови случаи на зараза, кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 56.412 лица, од кои починале 1.420 заразени.

Во изминатите 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 280 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 49.713.

Активни во моментов, според официјалните податоци, се 5.279 случаи.

Вчера се извршени 1.729, а вкупно досега 211.689 тестирања со методот РТ-ПЦР.