Бајден ќе се заколне пред знамиња место пред луѓе, пред Капитол поставени 200.000


Овогодинешната инаугурација на американскиот претседател Џо Бајден е сосема поинаква од сите претходни, а за тоа придонесе пандемијата од кроона вирус.

Затоа, на ливадите пред Капитол во Вашингтон Бајден ќе положи заклетва пред Врховниот суд, а поставени се знамиња на САД место луѓе, додека на граѓаните наредено им е да не патуваат во главниот град.

Објавените снимки прикажуваат голем број знамиња кои се виорат наредени едно до друго и осветлени од сите страни.

Според медиумите поставени се 200.000 знамиња, кои на денот на инаугурацијата ќе стојат на тоа место додека Бајден официјално ќе ја преземе својата должност. Така, знамињата ќе ги претставуваат Американците и сите 50 сојузни држави со што ќе им се оддаде чест на сите починати од последиците од корона вирусот.

Освен тоа, поставени се и расветни тела, точно 56 столбови кои ги претставуваат 50-те американски држави и шесте американски територии.

„Иако Бајден сигурно долго го чекаше овој ден, да се поклони пред луѓето и јавно да вети дека ќе им служи, сигурно не замислуваше дека пред себе ќе гледа олку знамиња. Дефинитевно ова е важен симбол на Америка, но луѓето се незаменливи. Оваа инаугурација ќе биде навистина поинаква“, се вели во некои од извештаите во американските медиуми.

СО оглед на тоа дека Америка се соочува со голем број жртви од пандемијата, овој чекор беше неизбежен. Освен тоа, многумина се исплашени од безбедносните закани по нападот на Капитол на 6 јануери.

Освен знамињата, оваа инаугурација ќе ја одбележи и отсуството на досегашниот претседател Доналд Трам и првата дама Меланија, кои утре патуваат за Флорида.