Путин традиционално влезе во ледените руски води за Богојавление


Рускиот претседател Владимир Путин и годинава го запази неговото традиционално богојавленско капење, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Многумина ме прашуваат дали Путин учествувал во богојавленското капење. Вие знаете дека тој традиционално го прави тоа, тоа е неговата традиција. А Путин ги почитува традициите“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Оваа година Путин традиционалното капење за Водици го направи во Подмосковје.