Милевски: Пописот не е политика, туку потреба за добивање реални податоци за да може да се носат одговорни одлуки


 Министерот за локална самоуправа Горан Милевски смета дека нема простор за одложување на пописот и оти сите треба да покажат максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што, како што вели, само така податоците ќе ни бидат од корист. -И покрај обидите за политизација на пописот уште …

Милевски: Пописот не е политика, туку потреба за добивање реални податоци за да може да се носат одговорни одлуки Read More »

Истражниот тим на СЗО ја посети болницата во Вухан каде се лекуваа првите пациенти заразени со вирусот


 Истражниот тим на Светската здравствена организација што во Кина, под строг надзор на кинески официјални лица, трага по потеклото на коронавирусот, ја посети болницата во Вухан каде се лекуваа првите пациенти заразени со тој вирус. По двонеделен карантин, тимот на СЗО прво отиде во обиколка на болницата „Ѓинитан“, каде лекарите чуваат примероци од пациенти кои …

Истражниот тим на СЗО ја посети болницата во Вухан каде се лекуваа првите пациенти заразени со вирусот Read More »

Општина Карпош: Субвенции за 50 проценти од трошокот за ужинки за основците


Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за ужинки за основците кои посетуваат настава со физичко присуство. На овој начин, велат од Општината, ќе се покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022. …

Општина Карпош: Субвенции за 50 проценти од трошокот за ужинки за основците Read More »

Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени


Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица. Како што соопшти …

Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени Read More »

Франција, од недела, ги затвoра границите за патувања надвор од ЕУ


  Француската влада цела седмица расправаше дали поради растот на новозаразени со корона вирусот ќе воведе ново затворање. По денешниот состанок на Советот за одбрана, кој го има последниот збор во врска со ограничувањата во Франција, премиерот Жан Кастекс, рече дека за сега нема да има нов локдаун. Но, властите деонесоа некои други органичувања, вклучително …

Франција, од недела, ги затвoра границите за патувања надвор од ЕУ Read More »

Притвор и за братот на Навални


  Судот во Москва му одреди притвор на Олег Навални, братот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, до 23 март поради кршење на санитарно-епидемиолошките мерки, пренесе ТАС. Олег ќе биде во куќен притвор, како и соработникот на Навални, Олег Степанов. Судот ги разгледува барањата на обвинителството за изрекување на истата мерка и за активистките Љубов Собол …

Притвор и за братот на Навални Read More »

ФБИ: Непосредно пред немирите во Конгресот, оставени бомби пред седиштата на Републиканската и Демократската партија


 Американските власти соопштија дека две импровизирани бомби биле пронајдени пред седиштата на Републиканската и Демократската партија непосредно пред упадот на приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп во Конгресот на САД, оставени еден ден претходно. Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека истрагата открила нови информации, вклучувајќи го и податокот дека експлозивни направи биле оставени пред седиштата …

ФБИ: Непосредно пред немирите во Конгресот, оставени бомби пред седиштата на Републиканската и Демократската партија Read More »

Мицкоски: Зошто да не спроведеме електронски попис


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека тој се согласува да се спроведе попис во земјава, бидејќи како што рече, тоа ни е обврска и ќе ни биде обврска. – Но, зошто да не биде електронски. Јас тоа го понудив, еве нека биде само електронски. И со стискање …

Мицкоски: Зошто да не спроведеме електронски попис Read More »

СЗО: Одобрување за вакцината на АстраЗенека во следните две недели


Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека во следните две недели ќе одобри итна употреба на вакцината на АстраЗенека против коронавирусот, изјави денеска главниот научник на оваа агенција на ОН, Сумија Сваминатан. – Се надевам дека тоа ќе се случи во следните две недели, доколку се одвива се според планот, истакна Сваминатан. Таа додаде дека …

СЗО: Одобрување за вакцината на АстраЗенека во следните две недели Read More »

Хотели, бунгалови, трговски центар треба да се градат околу Езерото Треска


Хотел со 5 ѕвезди, бунгалови, викенд куќи и трговски центри, базени, аквапаркови и друго, превидува новиот ДУП за езерото Треска, беше откриено на денешниот брифинг од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Просторот околу езерото ќе биде поделен на четири блокови, при што во првиот се планираат плажи, базени, аква парк, спортски терени, амфитеатар, ботанички градини. …

Хотели, бунгалови, трговски центар треба да се градат околу Езерото Треска Read More »

Намалени цените на билетите во Ски-центарот „Попова Шапка“


Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите. – Со намалувањето, од утре, па до крајот на сезоната,  билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет – 800 денари, полудневен ски-билет – 550 денари, детски ски-билет – 400 денари, ноќно скијање – 400 денари, поединечен билет за двосед …

Намалени цените на билетите во Ски-центарот „Попова Шапка“ Read More »

Германија ги ограничува патувањата од земји во кои е откриен новиот вид корона вирус


Германија ќе воведе ограничувања за патниците од Бразил, Велика Британија, Португалија и Јужна Африка, каде е откриен новиот вид на корона вирус. Тоа се наведува во владиниот нацрт-документ во кој имале увид западни новински агенции. – Покрај постојните правила, што вклучуваат тестирање и карантин, ќе бидат воведени времени ограничувања за патувања од земји каде се …

Германија ги ограничува патувањата од земји во кои е откриен новиот вид корона вирус Read More »

Потврдена британската варијанта на корона вирусот во Косово


Вршителот на должноста министер за здравство на Косово, Арменд Земај објави дека во земјата се потврдени случаи на лица заразени од новата, таканаречена британска, варијанта на корона вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Земај на прес-конференција попладнево информира дека од 30 примероци кои се испратени за анализа во Германија, со оглед дека Косово се …

Потврдена британската варијанта на корона вирусот во Косово Read More »

Влада: Во Казнениот законик ќе влезе и терминот „демнење“


Согласно обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, Владата ги повикува Обвинителството и Судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство, информира владината Прес-служба. – Владата вчера ја поздрави постапката на Телеграм со затворањето на …

Влада: Во Казнениот законик ќе влезе и терминот „демнење“ Read More »

ЕК го „ограничува“ извозот на вакцини против Ковид-19, Западен Балкан изземен


Европската комисија денеска усвои правило за задолжително одобрение за извоз на вакцини против Ковид-19, за оние кои се произведуваат на територијата на ЕУ и кои се однапред договорени со потпишани договори за набавка. Комисијата наведува дека земјите од соседството на ЕУ и оние опфатени со механизмот Ковакс ќе бидат изземени од таа мерка. – ЕУ …

ЕК го „ограничува“ извозот на вакцини против Ковид-19, Западен Балкан изземен Read More »

Од Ковид-19 заболеа уште 302, а починаа 10 пациенти – оздравени 444


Во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 165 -Велес 14 -Куманово 13 -Охрид 12 -Кавадарци 12 -Тетово 11 -Дебар 8 -Струмица 6 -Радовиш 6 -Делчево 6 -Гостивар 6 -Штип 5 -Прилеп 5 -Битола 5 -Демир Капија 4 -Струга 3 -Свети Николе 3 -Кочани 3 …

Од Ковид-19 заболеа уште 302, а починаа 10 пациенти – оздравени 444 Read More »

Украина го забрани користењето на руски вакцини против Ковид-19


Врховната рада  во Украина го одобри предлог-законот што има за цел да го забрза одобрувањето на вакцините против Ковид-19, и кој исто така го забранува користењето на вакцините произведени во Русија. Владата соопшти дека очекува во февруари да добие од 100.000 до 200.000 дози вакцини на Фајзер според глобалната програма Ковакс. Во Украина се уште …

Украина го забрани користењето на руски вакцини против Ковид-19 Read More »

Јанша: Ќе имунизираме 70 проценти од население до лето, дотогаш неопходна дисциплина


Словенечкиот премиер Јанез Јанша е уверен дека Словенија се уште може да ја постигне целта да имунизира 70 проценти од населението до лето, но и предупреди дека поради негативниот тренд на епидемијата, тешкотиите со испорака на вакцини и појавата на мутација на вирусот строго треба да се почитуваат сите епидемиолошки мерки. Словенија досега примила и …

Јанша: Ќе имунизираме 70 проценти од население до лето, дотогаш неопходна дисциплина Read More »

Врховниот суд на Косово ја потврди забраната за Курти за учество на изборите на 14 февруари


 Врховниот суд на Косово денеска делумно ја отфрли жалбата на Движењето самоопределување (ВВ) на претходните одлуки на Централната изборна комисија (ЦИК) и на Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП), по што на лидерот на таа партија дефинитивно му се ускрати правото да учествува на вонредните парламентарни избори на 14 февруари, јави дописникот на МИА …

Врховниот суд на Косово ја потврди забраната за Курти за учество на изборите на 14 февруари Read More »

„Баш нѝ е гајле”; Девојчиња украдоа нож во продавница и до смрт избодеа врсничка


  Четири девојиња на возраст од 12 до 14 години уапсени се поради фатално бодење на 15-годишно девојче, при тепачка во продавница во Луизијана, САД, а видео-снимките во живо се пренесувани на социјалните мрежи. Полицијата велид дека 12-годишна, две 13-годишни и 14-годишна се приведени откако девојчето што било избодено починало во болница, во саботата вечерта. …

„Баш нѝ е гајле”; Девојчиња украдоа нож во продавница и до смрт избодеа врсничка Read More »