Д-р Пановски: Треба да се вакцинираат повеќе од 2.500 луѓе дневно
Никола Пановски смета дека Македонија тешко дека ќе го постигне истиот капацитет на вакцинирани, односно дека ќе биде потребно во земјава дневно да се вакцинираат по 5 илјади граѓани.
„Треба да сме свесни дека има луѓе над 70 години кои не сакаат да се вакцинираат. Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот“, изјави Пановски за Слободен печат.
„Но, треба да се вакцинира со поголем интензитет, 2.500 дневно се малку. Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани.А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани. За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена“, изјави Пановски.