Жерновски: Најблиску сме до почеток на преговорите за пристап во ЕУ


Како дел од европскиот континент, ние природно припаѓаме и гравитираме кон Европската унија. Европската унија е стратешки приоритет за Северна Македонија од нејзината независност и сега сме поблиску од кога било досега за да ги почнеме преговорите за пристап. Ова го истакна заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, вчера во Братислава на панел дискусијата …

Жерновски: Најблиску сме до почеток на преговорите за пристап во ЕУ Read More »

Венецуела повторно во мрак


Главниот град на Венецуела, Каракас и поголем дел од земјата синоќа повторно беа во мрак поради нов дефект на мрежата за електрична енергија. Новиот дефект на електричната мрежа, најголем во последната недела се случи синоќа околу 23 часот по локално време. Електрична енергија немаше во поголем дел од Каракас и во најмалку 18 од вкупно …

Венецуела повторно во мрак Read More »

СЕММ и ЗНМ бараат внимателност при известувањето за самоубиства


Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија, по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој “новинарот ќе ја почитува приватноста …

СЕММ и ЗНМ бараат внимателност при известувањето за самоубиства Read More »

Загина пешак во Ново Лисиче, ќе се проверува дали жената која го прегази, пиела


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, синоќа извршиле увид на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, каде во сообраќајна несреќа еден пешак го загуби животот. „Според првичните сознанија, несреќата …

Загина пешак во Ново Лисиче, ќе се проверува дали жената која го прегази, пиела Read More »

Пронајдени се остатоци на јапонскиот борбен авион Ф-35


Во Пацификот се пронајдени делови од јапонскиот воен авион Ф-35, кој вчера исчезна од радарите, додека по пилотот се уште се трага, соопшти јапонското Министерство за одбрана. Борбениот авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот. Авионот, кој летал со уште три други …

Пронајдени се остатоци на јапонскиот борбен авион Ф-35 Read More »

Речиси 700.000 возачи во Франција немаат возачка дозвола


  На секои 100 возачи во франција, еден нема возачка дозвола, покажа истражувањето на организацијата „Prevention Routiere“. Според изтражувањето во моментот на патиштата во Франција има 680.000 возачи без дозвола, што претставува 1,4 отсто од вкупниот број возачи. Во последните десет години двојно се зголемил бројт на возачи без дозвола. Околу две третини од возачите …

Речиси 700.000 возачи во Франција немаат возачка дозвола Read More »

Јапонија: Борбен авион Ф-35 исчезна од радарите над Пацификот


Борбен авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот, соопштија јапонските воздухопловни сили за самоодбрана. Авионот, кој летал со уште три други од брегот на префектурата Аомори, околу 135 километри источно од базата, изгубил контакт со радарот околу 19,27 часот по локално време. …

Јапонија: Борбен авион Ф-35 исчезна од радарите над Пацификот Read More »

Од денеска на Kitchen Tv македонска традиционална кујна


Kitchen tv денес ќе почне да ја прикажува првата сезона од емисијата „Сончева гозба“ со нашиот готвач Дејан Карапеев. Во „Етно студио“, опремено по традиционален македонски терк, Карапеев на гледачите ќе им презентира традиционални јадења, ќе им покаже како се подготвуваат, но ќе зборува и за локалните намирници и нивната употреба. Селско месо, турлитава, јагула …

Од денеска на Kitchen Tv македонска традиционална кујна Read More »

Меркел и Меј согласни околу важноста од уреден Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија денеска во Берлин дека е неопходно да се обезбеди чисто, уредено излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти Даунинг стрит 10. За време на 90-минутната средба, Меј и Меркел дискутирале за барањето на Лондон за одложување на Брегзит до 30 јуни со опција …

Меркел и Меј согласни околу важноста од уреден Брегзит Read More »

ЦИВИЛ за Реџепи: Неприфатливо е човек со толкава омраза да биде претставник на верска заедница


ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи дадена на 14 март, на церемонија на поставување на камен-темелник на џамијата во скопското село Арнакија, а објавена на неговиот Фејсбук профил деновиве. Крајно неприфатливо е за еден поглавар на верска заедница да се служи со таков говор …

ЦИВИЛ за Реџепи: Неприфатливо е човек со толкава омраза да биде претставник на верска заедница Read More »

Унгарци, блиски до Орбан, формираа европска новинска агенција


Мала група унгарски бизнисмени и политичари, блиски до премиерот Виктор Орбан основаа меѓународна новинска агенција во Лондон, чиј фокус ќе бидат вестите од централна и источна Европа. Новата агенција, наречена V4NA (В4НА), во Лондон ја регистрираше унгарскиот амбасадор во Велика Британија Кристоф Салај – Бобровницки на 31 декември 2018 година. Името на новинската агенција го одразува …

Унгарци, блиски до Орбан, формираа европска новинска агенција Read More »

Автопатот низ Грделичка клисура од Србија кон Северна Македонија ќе биде пуштен пред летната сезона


Работите на најдолгиот тунел во Србија-Манојле, во Грделичката клисура на Коридорот 10 кон Северна Македонија се во завршна фаза, а министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, очекува сообраќајот на оваа последна делница од автопатот да биде пуштен кон крајот на април. По обиколката на делницата и на тунелот Манојле Михајловиќ изјави дека автопатот …

Автопатот низ Грделичка клисура од Србија кон Северна Македонија ќе биде пуштен пред летната сезона Read More »

Започнаа обуките за претприемништво и развивање на бизнис вештини


  Денеска во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Прилеп, Штип и Делчево стартуваа обуките за претприемништво и развивање на бизнис вештини кои се дел од програмата Самовработување. Во обуките кои ќе траат до крајот на јуни ќе бидат вклучени 2076 невработени лица кои аплицирале за да отворат сопствен бизнис. За време на овие три месеци …

Започнаа обуките за претприемништво и развивање на бизнис вештини Read More »

БиХ суспендирана од ПССЕ


Босна и Херцеговина до крајот на годинава ќе биде суспендирана од работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), бидејќи во рок од шест месеци по одржувањето на општите избори не назначи нови претставници во тоа тело, изјави денеска известувачот на Советот за БиХ, Тини Кокс. – Тоа е многу лошо за БиХ, бидејќи …

БиХ суспендирана од ПССЕ Read More »

Ќе се градат 14 базени, од нив пет во Скопје


Прилеп, Битола, Гостивар, Велес, Неготино, Струмица, Штип, Тетово и Кичево се деветте градови кои ќе добијат базени, а во проектот се вклучени и пет скопски општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош. Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна …

Ќе се градат 14 базени, од нив пет во Скопје Read More »

Младо момче најдено обесено во село Ѕвегор


Момче на возраст од  23-годишни најдено е обесено во неговата вила во село Ѕвегор, Делчевско. Од СВР Штип  ја потврдија информацијата, и велат дека утрово во 9.50 во полициската станица во Делчево од Итна помош пријавено е дека во атар на селото Ѕвегор, делчевско, пронајден е труп во викендичка. Извршен е увид, при што утврдено …

Младо момче најдено обесено во село Ѕвегор Read More »

Кипер удри во надвозник на автопатот во изградба Охрид – Кичево


Товарно возило на подизведувач на автопатот во изградба Охрид – Кичево, утрово удрил со приколката во надвозник кај селото Песочан. Најверојатно приколката на возилото не била спуштена. Причината за несреќата во која е предизвикана голема матријална штета ќе треба да се утврди.Дали возачот заборавил да ја спушти, или станува збор за дефект ќе покаже истрагата.

И по синоќешната средба остануваат клучните разлики за законот за јавно обвинителство


Министерството за правда соопшти дека вчера се одржала средба меѓу претставници на власта и опозицијата на која бил разгледан последниот законски текст за јавното обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, но оти и натаму клучните разлики остануваат. -Со оглед на тоа што клучните разлики остануваат, двете страни се согласија консултациите …

И по синоќешната средба остануваат клучните разлики за законот за јавно обвинителство Read More »

Милошоски со видео-обраќање од Стразбур: Преговорите со ЕУ ќе почнат догодина, ќе траат 10 години


„Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во јуни. Селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на хрватското претседателство. Преговорите …

Милошоски со видео-обраќање од Стразбур: Преговорите со ЕУ ќе почнат догодина, ќе траат 10 години Read More »

Димитров: Успехот на земјата во евроинтеграциите е успех за целиот регион


Шефот на дипломатијата Никола Димитров уверен во европските перспективи на земјата – успехот во европските интеграции на Северна Македонија е успех за целиот регион. Димитров, кој денеска и утре престојува во работна посета на Берлин се огласи на својот ФБ профил, нагласувајќи дека следните два дена се клучни за европските перспективи на земјата. – Следниве …

Димитров: Успехот на земјата во евроинтеграциите е успех за целиот регион Read More »