Младо момче најдено обесено во село Ѕвегор


Момче на возраст од  23-годишни најдено е обесено во неговата вила во село Ѕвегор, Делчевско.

Од СВР Штип  ја потврдија информацијата, и велат дека утрово во 9.50 во полициската станица во Делчево од Итна помош пријавено е дека во атар на селото Ѕвегор, делчевско, пронајден е труп во викендичка. Извршен е увид, при што утврдено е дека се работи за 23-годишниот А.З.

Јавен обвинител извршил увид и издал наредба за обдукција.

Смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.