Милошоски со видео-обраќање од Стразбур: Преговорите со ЕУ ќе почнат догодина, ќе траат 10 години


„Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во јуни. Селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, Република Франција.
Милошоски ова го порача во видео-обраќање на својот Фејсбук профил.