Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“


Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните ски-скокови од новогодишната турнеја „Четири скокалници“. По триумфот во Оберстфорд остварен пред три дена, Кобајаши денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар од турнејата. До победата, јапонскиот натпреварувач стигна со скокови од 143 метри во првата и 135,5 метри во втората серија, односно 291,2 освоени бода. Второто …

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“ Read More »

Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Денеска се урнати апсолутните температурни рекорди во Далмација


  На првиот ден од Новата година во Далмација, Хрватска измерени се исклучително високи температури за ова време од годината, пренесе Индекс. Како што објави Државниот хидрометеоролошки завод, според првите анализи првиот ден од новата фосина донесе апсолутни рекорди нагоре, во однос на температурата на воздухот во јануари од како постојат мерењта. Така во Книн …

Денеска се урнати апсолутните температурни рекорди во Далмација Read More »

Јапонците прават вакцина против Ковид-19 која ќе трае цел живот


Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист. Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му …

Јапонците прават вакцина против Ковид-19 која ќе трае цел живот Read More »

Две лица исчезнале на Нова година


Повозрасен маж и средовечна жена пријавени се за исчезнати од членови на нивните семејства на последниот ден од 2021 година. Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово Л.Л.(62) од Тетово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг И.Л.(62). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Истиот ден, во 21 часот во СВР Куманово А.Н.(45) …

Две лица исчезнале на Нова година Read More »

Тепачки околу Нова година, нападнати и малолетнички


Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен, при што се тепале во и пред угостителски објекти, жени напаѓале малолетнички, а бил нападнат и полицаец. Имено, во 1.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна …

Тепачки околу Нова година, нападнати и малолетнички Read More »

Во Франција од денеска нема пластична амбалажа за овошје и зеленчук


 Во Франција денеска стапува во сила новиот закон со кој се забранува пластична амбалажа за повеќето овошја и зеленчук. Списокот на овошје и зеленчук вклучува краставици, праз, модри патлиџани и домати, како и лимони, јаболка, банани и портокали, врз основа на имплементацијата на законот од февруари 2020 година, со кој се прецизира листа од околу 30 видови на храна што мора да се продава …

Во Франција од денеска нема пластична амбалажа за овошје и зеленчук Read More »

По новогодишната ноќ се враќа полицискиот час во Албанија


Албанските граѓани новогодишната ноќ ја минаа без полициски час, со собири на плоштадите, фамилијарни дружби и преполни угостителски објекти, наспроти минатата година кога земјата беше под целосен карантин поради пандемијата со ковид-19. Најмасовно беше на плоштадот „Скендер бег“ во Тирана, каде имаше музички спектакл на кој присуствуваа илјадници граѓани, меѓу нив и голем број иселеници, …

По новогодишната ноќ се враќа полицискиот час во Албанија Read More »

Германија исклучи три од последните шест нуклеарни централи


Германија исклучи три од последните шест нуклеарни централи, фокусирајќи се на обновливи извори на енергија. Владата одлучи да го забрза постепеното исфрлање на нуклеарната енергија по хаваријата на реакторот во Фукушима во Јапонија во 2011 година, кога земјотрес и цунами уништија крајбрежен објект во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил во 1986 година. Реакторите Брокдорф, Гронде и Гундреминген …

Германија исклучи три од последните шест нуклеарни централи Read More »

Од денеска во Хрватска е забранета продажба на лесни пластични кеси


Од денеска во Хрватска е забранета продажбата на лесни пластични кеси за носење, соопшти Министерството за економија и одржлив развој. Се работи за пластични кеси за носење со дебелина до 50 микрометри, кои, како што прецизираат од министерството, најмногу се појавуваат на пазарот. Тие, се додава, обично не можат да се користат повеќекратно, поради што значително ја …

Од денеска во Хрватска е забранета продажба на лесни пластични кеси Read More »

Регистрирани се 435 нови случаи на Ковид-19, починаа девет лица


 Во изминатите 24 часа регистрирани 435 нови случаи на КОВИД-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5.135, а оздравени се 534 пациенти и шест лица се починати, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи …

Регистрирани се 435 нови случаи на Ковид-19, починаа девет лица Read More »

Во Германија, Австрија и Холандија тројца мртви поради пиротехника


Пиротехниката на новогодишната ноќ во Европа однесе три животи во Германија, Холандија и во Австрија, а повредени се уште дваесетина луѓе. Во градот Хенеф во Северна Рајна Вестфалија загина 37-годишен маж, а тешко повреден е негов 39-годиѓен пријател. Двајцата славеле Нова година со уште 20-тина луѓе, од кои се одвоиле по полноќ. Сведоци слушнале гласна …

Во Германија, Австрија и Холандија тројца мртви поради пиротехника Read More »

Избодени три лица на концерт на Дара Бубамара – напаѓачот во бегство


  Три лица биле избодени во текотна новогодишниот концерт на српската фолк-пејчака Дара Бубамара во белградскиот хотел „Мајдан“. Како што јавува Нова.рс, до нападот дошло во тоалетот во хотелот. Набрзо по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот стигнале голем број полицајци, како и итна помош. Едно лице е потешко повредено, но детали за сериозноста …

Избодени три лица на концерт на Дара Бубамара – напаѓачот во бегство Read More »

Вучиќ на првиот ден во годината пиеше пиво, па се правдаше на Инстаграм


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ првиот ден од Новата година се опушти во едно кафуле во Белград на вода. Друштво му правеше премиерка та на Србија Ана Брнабиќ. Вучиќ ја сподели фотографијата на Инстаграм, а интересно е што се појасни дека пиво пие еднаш годишно. „Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, …

Вучиќ на првиот ден во годината пиеше пиво, па се правдаше на Инстаграм Read More »

Ерик Адамс, новиот градоначалник на Њујорк, положи заклетва веднаш по полноќ


Ерик Адамс положи свечена заклетва како нов градоначалник на Њујорк на церемонијата на Тајмс Сквер, веднаш откако традиционалната голема топка се спушти за да го одбележи почетокот на Новата 2022 година. Адамс (61), демократ, ќе има огромен предизвик да го извлече градот од пандемијата, преземајќи ја функцијата во време кога Њујорк се соочува со рекорден број новозаразени. Адамс ја кажа заклетвата додека …

Ерик Адамс, новиот градоначалник на Њујорк, положи заклетва веднаш по полноќ Read More »

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.  Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една …

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година Read More »

Директорите на ЕСМ и на РЕК Битола Нова година ја дочекаа со работниците


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола кои за новогодишната ноќ беа на дежурство. Ковачевски и Матевски им ја честитаа новата година и на работниците кои утрово се дежурни на своите работни места во комбинатот.  Ковачевски и Матевски им …

Директорите на ЕСМ и на РЕК Битола Нова година ја дочекаа со работниците Read More »

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива


Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани …

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива Read More »

Велика Британија годинава се движи кон нови извори на енергија


Нуклеарната фузија е процес што се случува секој час на Сонцето и другите ѕвезди, а британските научници планираат да ја донесат оваа огромна моќ како извор на енергија во 2022 година за еден чекор поблиску до употреба на нашата планета пишува Би-Би-Си. Британија планира и други алтернативни извори на енергија за домаќинствата и во таа смисла владата ќе им понуди субвенции …

Велика Британија годинава се движи кон нови извори на енергија Read More »

Новогодишниот концерт во Виена пред помалку публика и без австрискиот канцелар


Во Виена се одржа традиционалниот Новогодишен концерт пред многу помалку публика, а не присуствуваше ниту австрискиот канцелар Карл Нехамер. – Оваа тешка ситуација поради пандемијата бара многу од сите нас, па мислам дека моето доаѓање ќе испрати погрешен сигнал, напиша Нехамер на Фејсбук во четвртокот, додавајќи дека концертот ќе го следи на телевизија. И покрај …

Новогодишниот концерт во Виена пред помалку публика и без австрискиот канцелар Read More »