Вучиќ на првиот ден во годината пиеше пиво, па се правдаше на Инстаграм


 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ првиот ден од Новата година се опушти во едно кафуле во Белград на вода. Друштво му правеше премиерка та на Србија Ана Брнабиќ.

Вучиќ ја сподели фотографијата на Инстаграм, а интересно е што се појасни дека пиво пие еднаш годишно.

„Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, веројатно е дозволено место лимонада, или чај, во нови победи да се тргне со баварско пиво?! Среќна Нова година на сите граѓани на Србија, здравје, радост и успех ви посакуваме Ана и јас“, напиша Вучиќ.