Тепачки околу Нова година, нападнати и малолетнички


Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен, при што се тепале во и пред угостителски објекти, жени напаѓале малолетнички, а бил нападнат и полицаец.

Имено, во 1.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна и А.П.(18) и Ѓ.П.(22), од друга страна, сите од Скопје.

Вчера во 18.15 часот Ф.Н.(23) од Скопје пријавил дека околу 170 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од С.Р..

Денеска во 4.15 часот на бензинска пумпа во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.С.(29) и Ф.Ј.(29), затоа што околу 4 часот на истата локација физички го нападнале Н.Р.(25) од с.Долна Белица, струшко.

Вчера во 19 часот Н.П.(41) од Скопје пријавила дека околу 15:50 часот на подрачјето на Кисела Вода нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

На 31.12.2021 во 17.30 часот С.Ј.(54) од Скопје пријавил дека околу 11:30 часот во кругот на ЈСП Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.С..

Во СВР Скопје вчера во 23.40 часот С.Р.(27) од Скопје пријавил дека околу 20 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, тој и неговиот татко Г.Р. биле физички нападнати од неколку лица, кои биле ангажирани како обезбедување во објектот, при што на Г.Р. му бил одземен и часовник.

Денеска во 4.35 часот во Полициската станица Ресен бил лишен од слобода А.А.(30) од Ресен, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства.

Во СВР Скопје денеска во 4 часот Н.М.(27) од Р.Австрија пријавил дека во 00.30 во зграда во близина на хотел на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање со две женски лица, едно машко лице физички го нападнало и му одзело пари.

Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(19) од с.Теарце, постапувајќи по пријава од неговиот татко, според која околу 2 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, упатувал закани кон членови на семејството и оштетил предмети во домот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 1.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 00.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П.(18) и нејзината 17-годишна другарка, двете од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице, кое употребило и тврд предмет.

Денеска во 4 часот во СВР Скопје И.Т.(18) од Скопје пријавила дека околу 1 часот во угостителски објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице.

На 31.12.2021 во 12.20 часот Г.С.(44) од Прилеп пријавил дека на 30.12.2021 околу 22 часот во Прилеп, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Вчера во 17.50 часот во полициска станица Гостивар З.А.(56) од Гостивар пријавил дека околу 13.30 часот на крстосница во Гостивар, по претходно недоразбирање, И.М. му упатил закана со огнено оружје.