Положено цвеќе на гробот на претседателот Глигоров


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговата смрт. Киро Глигоров ќе остане запаметен како активен учесник во најважните процеси за политичко осамостојување на нашата држава. Со своите лидерски способности, умереност, мудрост и дипломатија …

Положено цвеќе на гробот на претседателот Глигоров Read More »

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нарушувања на јавниот ред и мир, граѓаните одговорно прославуваа


Ова е една од најмирните новогодишни ноќи, без кривични дела и без нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оценувајќи ја новогодишната ноќ на безбедносен план. Спасовски денеска беше во посета на полициската станица во Прилеп која е последна од 70-те реновирани. – Оваа новогодишна ноќ …

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нарушувања на јавниот ред и мир, граѓаните одговорно прославуваа Read More »

Приведено лице од струшко, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства


На 31.12.2021 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа. Како што соопшти МВР, притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска се навршуваат 20 години од воведувањето на еврото


Пред 20 години почнаа да се користат банкнотите и монетите на еврото. – Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците, напиша денеска Европската централна банка (ЕЦБ) на својот портал. Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја …

Денеска се навршуваат 20 години од воведувањето на еврото Read More »

Наредните денови не очекува топло време со утринска магла


Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала, …

Наредните денови не очекува топло време со утринска магла Read More »

Ноќеска од 23 до 4 часот 90 казни за возење под дејство на алкохол


Во текот на вчерашната вечер (31.12.2021/01.01.2022) во периодот од 23 до 4 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 90 возачи, информираат од МВР и посочија дека од нив, 38 се на територија на СВР …

Ноќеска од 23 до 4 часот 90 казни за возење под дејство на алкохол Read More »

Во светот 1.500 јазици се под закана од исчезнување


Во светот има околу 7.000 признати јазици, но многу од нив наскоро може засекогаш да исчезнат, пишува ДПА. Според една студија од Австралија, околу половина од сите јазици се загрозени, а 1.500 би можеле да исчезнат до крајот на векот. – Без интервенција, губењето на јазиците може да се зголеми тројно во рок од 40 …

Во светот 1.500 јазици се под закана од исчезнување Read More »

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот


Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава. Филипче потенцираше се …

Филипче: Во Новата година родени три бебиња, од кои едно во Ковид-центарот Read More »

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е задоволен од настапот на тимот во досегашниот дел од сезоната. – Незадоволен сум од резултатите на Манчестер јунајтед. Сите сме несреќни, сигурен сум во тоа. Знаеме дека треба да работиме повеќе, да играме подобро и да покажеме повеќе отколку што покажуваме моментално. Нека Новата година биде пресвртна …

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер Read More »

Санкционирани 143 возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол


На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на …

Санкционирани 143 возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол Read More »

(Во живо) Филипче во посета на ГАК во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Како што е најавено, по посетата министерот Филипче ќе даде изјава за медиумите.

Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид


  Високозаразниот омикрон сој прати бран деца во болница со рекордни бројки, пкажаа најновите податоци на американскиот Центар за превенција и контрола на болести, а дневно во болница завршуваат 370 деца. Од 22 до 28 декември се случија најмногу хоспитализации кај лица помлади од 17 години, објави ЦДЦ, пренесе „Хил“. Податокот дека дневно во болница …

Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид Read More »

Џафери за МИА: Изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала која е целосно дигитализирана


Пленарната сала на Собранието е опремена со нова технологија и е целосно дигитализирана. Тој систем ќе биде промовиран по Нова година и се надевам дека изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала, а не во салата Купола, вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери. -Штотуку се завршени работите во …

Џафери за МИА: Изборот на нова влада ќе се одржи во пленарната сала која е целосно дигитализирана Read More »

За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти, 7 се малолетни


Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија  Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје. Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле …

За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти, 7 се малолетни Read More »

Актерката Бети Вајт не дочека 100, почина на Нова година


Холивудската актерка Бети Вајт непосредно пред својот 100-ти роденден  почина вчера во 9.30 часот. Таа е позната по нејзините незаборавни улоги во „Златните девојки“ и шоуто на Мери Тајлер Мур, и е повеќекратна добитничка на Еми награди. Бети требаше да го прослави својот 100-ти роденден на 17 јануари 2022 година. „Многу сум среќна што сум …

Актерката Бети Вајт не дочека 100, почина на Нова година Read More »

Лани 515 приговори за услуги во интернет и телефонија, годинава новини за помал дигитален јаз


До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) лани се поднесени вкупно 515 приговори кои се однесуваат на незадоволство на корисниците од квалитетот на услугата за говор и интернет во мобилна телефонија, преносливост на број, фиксна телефонија, кабелски интернет, говор и интернет во роаминг, кабелска телевизија. Од вкупниот број поднесени приговори до АЕК, кај 41 процент постапката …

Лани 515 приговори за услуги во интернет и телефонија, годинава новини за помал дигитален јаз Read More »

СЗО: Moжно е во 2022 година пандемијата да заврши


Генералниот секретар на Светска здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус во новогодишната порака изрази надеж дека е можно да заврши пандемијата со Кови-19 во 2022 година. Тој истакна дека светот има „алатки за завршување на пандемијата“ и покрај тоа што бројките на новозаразени лица во светот уриваат рекорди. Гебрејесус во објавата на Линкедин предупреди и дека …

СЗО: Moжно е во 2022 година пандемијата да заврши Read More »

Десет години од смртта на претседателот Киро Глигоров


Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Претседателот на државата Стево Пендаровски и делегација на Собранието на Градските гробишта – Бутел денеска ќе положат цвеќе на гробот на  Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговото упокојување. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје …

Десет години од смртта на претседателот Киро Глигоров Read More »

Струјата поскапа за 9,48, парното за 14,05 отсто


 Цената на електричната енергија за домаќинствата од денеска  е зголемена за 9,48 проценти и е укината дневната евтина тарифа. Поскапено е и парното греење за скопјани за 14,05 отсто. Евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат, а според образложението на Регулаторната комисија за енергетика доколку не се укинеше дневната евтина тарифа од …

Струјата поскапа за 9,48, парното за 14,05 отсто Read More »

Замина година на избори, оставки, нови мнозинства, несреќи, но и спортски успеси


Оставката на Зоран Заев на премиерската функција и од лидерското место во СДСМ, локалните избори, гласањето доверба на Владата и неизвесноста околу парламентраното мнозинство, продолжувањето на бугарската блокада за ЕУ, пожарот во модуларната болница во Тетоово, автобуската несреќа на „Струма“, но и спортските успеси – првото учество на ЕП во фудбал и олимпиското теквондо сребро …

Замина година на избори, оставки, нови мнозинства, несреќи, но и спортски успеси Read More »