Ноќеска од 23 до 4 часот 90 казни за возење под дејство на алкохол


Фото: Б. Грданоски

Во текот на вчерашната вечер (31.12.2021/01.01.2022) во периодот од 23 до 4 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 90 возачи, информираат од МВР и посочија дека од нив, 38 се на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.