Избодени три лица на концерт на Дара Бубамара – напаѓачот во бегство


 

Три лица биле избодени во текотна новогодишниот концерт на српската фолк-пејчака Дара Бубамара во белградскиот хотел „Мајдан“.

Како што јавува Нова.рс, до нападот дошло во тоалетот во хотелот.

Набрзо по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот стигнале голем број полицајци, како и итна помош.

Едно лице е потешко повредено, но детали за сериозноста на повредите не се познати.

Напаѓачот е во бегство

Новости.рс пишува дека нападот наводно се случил во 3 часот наутро. Се наведува дека непознато лице со остар предмет ги повредила по главата и телото трите лица на возраст од 27, 40 и 44 година, а потоа избегало со „Ауди А8“, во непознат правец.

Се трега по напаѓачот и по возилото со кое избегал.