Две лица исчезнале на Нова година


Фото: Б. Грданоски

Повозрасен маж и средовечна жена пријавени се за исчезнати од членови на нивните семејства на последниот ден од 2021 година.

Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово Л.Л.(62) од Тетово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг И.Л.(62). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот ден, во 21 часот во СВР Куманово А.Н.(45) од Куманово пријавил дека неговата сопруга З.З.(42) од Куманово се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.