„Мазда“ затвори две фабрики во Јапонија
Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Работата прекинува на 7. и 8 февруари, како што се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант. Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на Мазда. …