(Видео) Крај Нигерија експлодира брод за складирање нафта


 

Брод за производство и складирање кој може да прими два милиони барели нафта експлодира крај брегот на Нигерија со 10 членови на посадата на него.

FPSO Trinity Spirit, кој може да преработи до 22.000 барели нафта девно, се наоѓал во близина на Вари во јужна Нигерија кога избил пламен, јави Скај.

Пловилото, кое исто така се користи и за растовар, е во сопственост на Shebah Exploration & Production Company Ltd (SEPCOL), чиј извршен директор Икемефуна Окафор рекол дека нема непосредни извештаи за смртни случаи.

Снимките кои кружат по социјалните мрежи покажуваат дека бродот тоне, а огромни облаци црн чад се издигнуваат на небото.

„Може да потврдиме дека пред инцидентот на бродот имало 10 членови на посадата“, велу Окафор.

Додаде дека во тек е истрага за да се утврди причината за експлозијата, додека ситуацијата се обидуваат да ја стават под контрола со локални месни заедници.