Петков и в.д. македонскиот амбасадор во Софија ќе положат венец пред споменикот на Гоце Делчев во Софија


Фото: Б. Грданоски
Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање, соопшти прес-службата на бугарската Влада.
 
Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со бугарскиот премиер Петков ќе биде и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија Владимир Крстевски.