Утре без вода дел од корисниците од улица „Даме Груев“ во Центар


 Поради санација на дефект на затварач Ф-80 милиметри на улица „Даме Груев“ бб, зграда на ИНТЕКС, утре без вода ќе бидат корисниците на оваа улица на потегот од крстосницата со „Димитрие Чуповски“ до полициска станица Беко во центарот на Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот и ќе трае се до санирање на дефектот.