Силен земјотрес регистриран во Перу


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Перу.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на границата со Еквадор, на длабочина од 100 километри.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Во ноември 2021 година во Перу беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, при што беа урнати 75 куќи, но немаше жртви. Во Перу годишно има најмалку 400 земјотреси, бидејќи земјата се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен, што се протега долж западниот брег на американскиот континент.