СЗО: Омикрон во следните недели ќе зарази половина од популацијата во Европа


  Предвидувањата велат дека варијантата омикрон ќе зарази повеќе од половина од жителите на Европа во следните шест до осум неделу, вели д-р ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа. „Влеговме во 2022 година, а земјите од Европа и средна Азија и понатаму се под интензивен притисок од короната“, рече Клуге на …

СЗО: Омикрон во следните недели ќе зарази половина од популацијата во Европа Read More »

Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои предмалку тргнаа на Европското првенство во унгарски Дебрецин. На списокот на Лазаров се најдоа: голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски централни бекови : Филип …

Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022 Read More »

Нема кратење на изолацијата, почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемијата


 Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој …

Нема кратење на изолацијата, почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемијата Read More »

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа


Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада. -Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од …

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа Read More »

Трикратно зголемени сметките за струја на општините, бараат Владата да ја плати разликата


Општините се соочуваат со огромно зголемување на сметките за електрична енергија. Минатата година Општина Чаир платила околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, со воведени рестрикции и намалено трошење на осветлувањето. Истиот случај е и во Општина Ѓорче Петров, сметката била до 700.000 денари, додека пак последната сметка за ноември 2021 …

Трикратно зголемени сметките за струја на општините, бараат Владата да ја плати разликата Read More »

Речиси 8.000 новозаразени во Хрватска, починаа 38 пациенти


  Во последните 24 часа во хрватска забележани се 7.956 нови случаи со корона вирус,а бројот активни изнесува 46.828. Од нив 1.824 пациенти се лекуваат во болница, а 233 се на респиратор. Починаа уште 38 пациенти. Досега во хрватска од корона вирус заболеа 775.139, од кои 12.956 починаа. Вакцинирани се 55,95 отсто од населението.

Општините не можат да го поднесат притисокот од поскапувањето на струјата


Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на …

Општините не можат да го поднесат притисокот од поскапувањето на струјата Read More »

Синдикатите во „Железници Транспорт“ бараат новата влада да го реши проблемот со 80-те работници


Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат веднаш по формирањето на новата влада да се реши проблемот со 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа. Бараат Министерството за финансии да одговори позитивно на барањето за вработување на овие 80 лица и средба со новиот премиер и со министерот за транспорт и врски …

Синдикатите во „Железници Транспорт“ бараат новата влада да го реши проблемот со 80-те работници Read More »

Мета и Пендаровски повикаа на одблокирање на пристапните преговори за ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво. Република Северна Македонија и Република Албанија, …

Мета и Пендаровски повикаа на одблокирање на пристапните преговори за ЕУ Read More »

Најмалку една жртва во невреме во Хрватска


Во невремето што ја зафати Хрватска уништена е една стара куќа, гранки и камења ги блокираа патиштата, а ветерот предизвика сообраќајна несреќа во која камион падна во бездна при што загина возачот. Возачот на камионот загинал при пад во бездна, на делница од патот Карлобаг-Сењ кај исклучувањето за Призна, кој се случил синоќа за време на забрана …

Најмалку една жртва во невреме во Хрватска Read More »

Државната матура и годинава ќе се полага како лани, новини ќе има за генерацијата во 2022/2023


Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да  се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 …

Државната матура и годинава ќе се полага како лани, новини ќе има за генерацијата во 2022/2023 Read More »

Омикрон присутен во 68 отсто од секвенционираните примероци


Омикрон варијантата на коронавирусот e детектирана кај 68 отсто од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје. Министерството за здравтсво информира дека во периодот од 5 до 10 јануари направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектиран …

Омикрон присутен во 68 отсто од секвенционираните примероци Read More »

За прв пат во историјата на човек му е пресадено срце од генетски модифицирана свиња


За првпат во историјата на маж му е пресадено свинско срце! Операцијата се случила во болница во Балтимор, Мериленд. Пациентот кој доби трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња засега се чувствува добро, но според хирурзите е рано да се даваат долгорочни прогнози. Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек кому му била …

За прв пат во историјата на човек му е пресадено срце од генетски модифицирана свиња Read More »

Милиони Индијци на ритуално капење во Ганг покрај короната


  Се очекува речиси милион хиндуистички верници да се бањаат во водите на реката ганг овој петок и сабота, покрај галопирачкото ширење на Ковид-19 во земјата, вели надлежен за Ројтерс. Индија во вторникто јави дека има 168.063 новозаразени со Ковид-19, што е 20 пати повеќе од минатиот месец, иако тестирањето е значително под капацитетите. Многу …

Милиони Индијци на ритуално капење во Ганг покрај короната Read More »

Австралиски тенисер игра, а може е позитивен на корона, никој не го тестира


  Австралискиот тенисер Бернард Томиќ, кој има босански корени, изгуби од Русинот Роман Сафиулин во првото коло од квалификациите за Австралија опен, а во текот на последниот меќ рече дека се чувствува лошо и дека мисли оти е заразен со корона вирусот. Тој вели дека неговата здравствена состојба не може да се провери затоа што …

Австралиски тенисер игра, а може е позитивен на корона, никој не го тестира Read More »

Бугарскиот премиер Петков се самоизолира


Бугарскиот премиер Кирил Петков е во превентивна самоизолација откако бил во контакт со претседателот на парламентот Никола Минчев кој е позитивен на коронавирус, соопшти денеска владинот претставник за печат. „Премиерот ќе биде под карантин како што се правилата“, рече тој. Владата допрва ќе одлучува за кој ќе ги преземе неговите должности. Никола Минчев се почувствува …

Бугарскиот премиер Петков се самоизолира Read More »

Програмите за изградба и реконструкција на основни училишта и средни училишта на владина седница


Предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни училишта и средни училишта за 2022 година, како и информацијата за преземени активности во однос на обврските од иницијативата Отворен Балкан, се на дневен ред на денешната 132. седница на Владата на Република Северна Македонија.   На предлог на Министерството за здравство на седницата, како што информира владината …

Програмите за изградба и реконструкција на основни училишта и средни училишта на владина седница Read More »

Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар


  Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер регистриран е рано утрово во Средоземното Море кај западниот брег на Кипар, соопшти Американскиот сеизмолошки институт. Потресот се случил на длабочина од 19,6 км, 48 км од градот Полис, пренесе Франс прес. Според прелиминарната оценка, веројатноста овој потрес да предизвикал штети или жртви е мала. ЕМСЦ …

Земјотрес од 6,6 степени кај Кипар Read More »

Почна пријавувањето за десеттото издание на „Прв до врв“


Започна пријавувањето за 10-то издание на „Прв до врв“ Водно 2022, кое оваа година ќе се одржи на 15 мај. Како што соопштија организаторите, традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании. Пријавувањето за трките се одвива преку …

Почна пријавувањето за десеттото издание на „Прв до врв“ Read More »

Шефот на данската разузнавачка служба е во притвор поради протекување информации


Шефот на данската контраразузнавачка служба Ларс Финдсен е задржан во притвор поради неговата вмешаност во случај со протекување на „многу доверливи“ информации, јави државната телевизија ДР. Четворица сегашни и поранешни вработени во две дански разузнавачки служби беа уапсени во декември поради објавување на многу доверливи информации. Финдсен е единствениот кој останува во притвор додека трае …

Шефот на данската разузнавачка служба е во притвор поради протекување информации Read More »