Австралиски тенисер игра, а може е позитивен на корона, никој не го тестира


 

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ, кој има босански корени, изгуби од Русинот Роман Сафиулин во првото коло од квалификациите за Австралија опен, а во текот на последниот меќ рече дека се чувствува лошо и дека мисли оти е заразен со корона вирусот.

Тој вели дека неговата здравствена состојба не може да се провери затоа што нема тестови.

„Сигурен сум дека ќе бидам позитивен на корона вирус во следните два дена, тоа ти велам…“, вели Томиќ и продолжува:

„Не можам да верувам дека ник не тестира и дека на играчите им се дозволува да излезат на терен со брз антигенски тест направени во нивните соби. Нема официјално ПЦР тестирање3.

Набрзо потоа, откако заврши мечот, овој Австралиец се огласи на својот Инстаграм профил и уште еднаш потврди дека се чувствува лошо.

„Се чувствувам навистина лошо. Во моментот сум во хотелската соба, разговарав со докторите на теренот и бараа од мене да се изолирам. Не можеа да ме лечат за да избегнат контакт со мене“, напиша Томиќ.

Сафиулин го победи Томиќ за само 58 минути. Првиот сет заврши 6:1, а вториот со резултат 6:4.