Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија


Александар Трајковски, фудбалерот кој синоќа го постигна единствениот гол за Македонија на натпреварот против Италија за квалификации на Светското првенство во Катар, слободно може да се нареќе херој. За него денеска пишуваат сите медиуми во регионот, но и во Европа и во светот. Трајковски (29), во моментот игра на позицијата лево крило во саудиски Ал-Фајх. …

Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија Read More »

Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели


Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на политичката партија Левица во кој оспорена е Одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на РСМ, Фадил Зендели, од 3 март 2022 година донесена од Собранието.   -Во однос на информациите во некои медиуми дека Уставниот суд ја прифатил иницијативата, појаснуваме …

Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели Read More »

Булеварот „АСНОМ“ ќе се пушти во употреба кон крајот на следната година


Град Скопје реши уште 82 предмети на експропријација за да се овозможи пуштање на булеварот „АСНОМ“ во употреба, но сепак, за тоа ќе почекаме до крајот на следната година.   Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно …

Булеварот „АСНОМ“ ќе се пушти во употреба кон крајот на следната година Read More »

Финска ги прекинува железнички врски со Русија


Финската државна железничка компанија информираше дека од почетокот на идната недела го прекинува сообраќајот меѓу Хелсинки и рускиот град Санкт Петербург, затворајќи ја за Русите една од последните транспортни врски со Европската унија, јави Хина. Поради санкциите за Русија, државата му соопшти на ВР Груп (операторот со железничкиот сообраќај), дека веќе не е соодветно да …

Финска ги прекинува железнички врски со Русија Read More »

Се запали двокатен автобус на ЈСП, нема повредени


Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, …

Се запали двокатен автобус на ЈСП, нема повредени Read More »

Саем на книгата во редовниот пролетен термин од 3-9 мај


Саемот на книга годинава се одржува по 34 пат,  но се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување. Оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај, во Арена „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа најголема културна манифестација. Сите значајни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават …

Саем на книгата во редовниот пролетен термин од 3-9 мај Read More »

Јилмаз по промашениот пенал се збогува со турската репрезентација


 Турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз објави дека го одиграл последниот натпревар во националниот дрес, непосредно откако Турција загуби синоќа од Португалија (1-3) во полуфиналето од мундијалскиот бараж. Јилмаз синоќа прво го намали водството на Португалија на 2-1, а во 85 минути не реализираше пенал, по што во завршните минути домаќините само ја потврдија победата, која …

Јилмаз по промашениот пенал се збогува со турската репрезентација Read More »

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се


 Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар. – Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го …

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се Read More »

Италија: Да се убие Путин, Москва поднесе тужба


  Рускиот амбасадор во Италија, Сергеј Разов поднесе тужба против италијанска „Стампа“, затоа што објави коментар дека единствена опција за крај на војната е убиство на Путин. „непотребно е да се каже дека тоа е спротивно на правилата во новинарството и моралот“, рече Разов пред новинарите пред обвинителството во Рим откако ја поднесе тужбата. Ројтерс …

Италија: Да се убие Путин, Москва поднесе тужба Read More »

Тепачка во угостителски објект во Куманово


 Жител на кумановско и кратовско село и кумановец се степале утрово во кафеана во населбата „Перо Чичо”, соопшти денеска полицијата. – Утрово во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во  населбата Перо Чичо бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.С.(22) од село Лопате, кумановско , …

Тепачка во угостителски објект во Куманово Read More »

Струмица бара намалување на ДДВ за гасот на 5 отсто за да им се помогне на стопанствениците


Струмица е исклучително добар пример како локалната самоуправа може да се справи со кризата. Таа е единствена општина во која локалната самоуправа има обезбедено субвенции и за граѓаните, но и за стопанствениците за да се справат со енергетската криза, рече заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешниот работен појадок со струмичките …

Струмица бара намалување на ДДВ за гасот на 5 отсто за да им се помогне на стопанствениците Read More »

НАСА бара нов партнер, ќе развие уште едно летало за Месечината


Американската вселенска агенција НАСА најави план за развој на второ летало за програмата Артемис на Месечината. Станува збор за голема вселенска иницијатива на НАСА чија цел е испраќање луѓе на Mесечината. За да го реализира овој проект, НАСА ги повика комерцијалните вселенски компании да предложат концепти за летала со кои луѓето ќе се спуштат на …

НАСА бара нов партнер, ќе развие уште едно летало за Месечината Read More »

Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол


Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, јави Си-Ен-Ен. Како што појасни таа, коридорите ќе ги спојат двата града со Запорожје, што е на север и сè уште е под контрола на Украина. – Планирана е и централизирана евакуација со автобус од Бердјанск, град окупиран од Русија. …

Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол Read More »

Во недела ќе се засадат 3.200 нови садници во Раштак


Во недела, со почеток во 10 часот, Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие , организира акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак. Во рамките на акцијата планирано е …

Во недела ќе се засадат 3.200 нови садници во Раштак Read More »

Општините и државните институции должат 600 милиони евра


Јавни и државни претпријатија, општини, болници, училишта, каде што партиите на власт ставаат на раководни функции свои кадри, пријавиле дека имаат долгови од вкупно 617,5 милиони евра, според последните податоци од Министерството за финансии. Пријавиле доспеани долгови за 2021 година, што не ги платиле, милионски суми што ќе дојдат до последниот ден на таа фискална …

Општините и државните институции должат 600 милиони евра Read More »

Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане


Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот. …

Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане Read More »

Две лица утрово се убиени во Хрватска


Во Плоче, Хрватска, убиени се две лица, од кои едно наводно малолетно. Убиецот е уапсен. Утрово околу осум часот во Плоче, хрватска се слушнало пукање, а локалне портал дознава дека убиени се две лица, а полицијата ги блокирала влезовите во градот, додека го бараат убиецот. „Дубровнички дневник“ пак јавува дека напаѓачот е уапсен во Опузен. …

Две лица утрово се убиени во Хрватска Read More »

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето!


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред шефовите на држави во Советот на ЕУ во Брисел. Прво зборуваше за уништувањето на земјата од страна на Русија и нанесените штети, но и се заблагодари за сплотеноста на Европа во поддршката на Украина. „Руската војска не гледа што е достоинство. Не знаат што е совест. Не разбираат …

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето! Read More »

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот. Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, …

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје Read More »

Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници


Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот „Саратов“, а не „Орск“, како што беше претходно информирано. „Според ажурираните информации, големиот десантен брод ‘Саратов’ е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови ‘Цезар Куников’ и ‘Новочеркаск’“, се …

Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници Read More »