Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници


Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот „Саратов“, а не „Орск“, како што беше претходно информирано.

„Според ажурираните информации, големиот десантен брод ‘Саратов’ е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови ‘Цезар Куников’ и ‘Новочеркаск’“, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб на вооружените сили.

„На ‘Саратов’ уништени се 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе“, појасни Антун Герашченко.

Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн чад, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна во пристаништето на Азовското Море.