Италија: Да се убие Путин, Москва поднесе тужба


 

Рускиот амбасадор во Италија, Сергеј Разов поднесе тужба против италијанска „Стампа“, затоа што објави коментар дека единствена опција за крај на војната е убиство на Путин.

„непотребно е да се каже дека тоа е спротивно на правилата во новинарството и моралот“, рече Разов пред новинарите пред обвинителството во Рим откако ја поднесе тужбата.

Ројтерс јави дека Разов, кој на новинарите им се обрати на руски јазик, а имаше преведувач, рече дека ја обвинил „Стампа“ за поттикнување злосторство и одобрување на злосторство.

Италијанска „Стампа“ на 22 март објави анализа под наслов „Украинско-руска војна: Ако убивањето на тиранинот е единствена опција…“.

Во написот се наведува дека ако сите други опции не успеат да ја сопрат руската инвазија на Украина, единствено решение би било некој да го убие Путин.