Ако викендов одите в планина, проверете каде треба да пријавите


Доколку претстојниот викенд планирате да го минете низ планина, ова е важно известување од Центарот за управување со кризи за вас. Низ парк шумата Водно или низ нашите национални паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања Доколку планирате да се движите низ останатите планински делови од државата …

Ако викендов одите в планина, проверете каде треба да пријавите Read More »

Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „изнуда“. С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со …

Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава Read More »

Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД-SFAB


Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД, единица за воена обука која е во партнерство со главната албанска воена единица, пренесе агенцијата Балкан веб. Се додава дека на церемонијата организирана во оваа прилика, во присуство на министерот за одбрана Нико Пелеши, американската амбасадорка Јури Ким го нагласила „интерактивното значење со сојузниците …

Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД-SFAB Read More »

Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, поддржан од Кина


Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, на местото на Кери Лам, откако вчера положи заклетва на функцијата, за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг, по повод  прославите на 25-годишнината од враќањето на територијата од Велика Британија во Кина, јави ДПА. Ли е поранешен шеф на безбедноста на градот и се смета …

Џон Ли е новиот лидер на Хонг Конг, поддржан од Кина Read More »

Најмладиот син на Диего Симеоне потпиша за Сарагоса


Најмладиот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џулијано Симеоне, прејде во редовите на Сарагоса како позајмен фудбалер, јавија денеска шпанските медиуми. Џулијано Симеоне минатата сезона настапуваше за Б тимот на Атлетико Мадрид и во третата шпанска лига постигна 25 голови. Сарагоса идната сезона ќе се натпреварува во Втората шпанска лига. Највозрасниот син на Симеоне, Џовани, минатата сезона настапуваше за …

Најмладиот син на Диего Симеоне потпиша за Сарагоса Read More »

Изгоре барака во Мичурин, спасена соседната


Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Мичурин од засега непознати причини. -Пожарот избувна во барака во Мичурин. На терен интервенираа три пожарникарски возила, со осум пожарникари, иако пожарот брзо се рашири. Со брзата интервенција спречен е да се прошири на соседната барака – вели командирот на Скопската бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Уште двајца починати од Ковид, 193 новозаразени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, …

Уште двајца починати од Ковид, 193 новозаразени Read More »

Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија


Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија. Како што информираа за МИА од Советот на јавни обвинители и Советот на судии на Република Северна Македонија, денеска биле донесени одлуки со кои се констатирал престанок на нивната функција поради исполнување на условите за пензија. Собранието вчера не …

Судиите и јавните обвинители кои наполнија 62 или 64 години заминуваат во пензија Read More »

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 104 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар. Малопродажните цени …

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти Read More »

Пораст на Ковид-19 случаи во Црна Гора за околу 130 отсто


Во Црна Гора изминатите денови има пораст на новозаразени со коронавирус. Затоа се издаде препорака да се носат заштитни маски на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и на сите места каде се собираат голем број луѓе. Бројот на заразени изминатите две недели порасна за околу 130 отсто. По бројот на активни случаи, моментално во …

Пораст на Ковид-19 случаи во Црна Гора за околу 130 отсто Read More »

(Видео) Прес на Ковачевски со коалицијата


  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, на која ќе присуствуваат и членовите на владината коалиција.

Од понеделник аплицирајте за субвенции на велосипеди и тротинети во Аеродром


Општина Аеродром во понеделник, 4 јули, го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети: – за велосипеди во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари; – за електричен …

Од понеделник аплицирајте за субвенции на велосипеди и тротинети во Аеродром Read More »

Синдикат на КЦ: Директорите на ЈЗУ и министерот за здравство немаат законски основ за прекин на работен однос на здравствен работник


Синдикатот на Клинички центар соопшти дека директорите на јавните здравствени установи во Клинички центар и министерот за здравство спротивно на законот донеле одлуки за прекин на договорот за вработување на поголемиот број здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж. Директорите на здравствените установи и министерот за …

Синдикат на КЦ: Директорите на ЈЗУ и министерот за здравство немаат законски основ за прекин на работен однос на здравствен работник Read More »

На ГП Табановце, Богородица и Дојран се чека до 30 минути


На граничните премини Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во земјава се чека 15-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години


Министерството за внатрешни работи информира дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција. – …

МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години Read More »

Просекот на државната матура годинава изнесува 3,78, повисок е од лани


Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со …

Просекот на државната матура годинава изнесува 3,78, повисок е од лани Read More »

Знамето на ЕУ влезе во украинскиот Парламент


 Знамето на Европската Унија симболично беше поставено во пленарната сала на украинскиот Парламент, а претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен одржа говор преку видео линк во чест на кандидатскиот статус за влез во ЕУ за Украина. – Украина е земја кандидат за приклучување на Европската Унија – нешто што се чинеше речиси незамисливо …

Знамето на ЕУ влезе во украинскиот Парламент Read More »

Уште еден кит виден во река во Франција


Кит долг 10 метри е виден во реката Сена во Франција, близу Ла Манш, само еден месец откако смртно заболен кит-убиец угина во истата река. Се верува дека се работи за видот „минки“, соопштија тамошните власти. Делфин Елои, раководителка на Институтот за истражување на цицачите, смета дека „ова е без преседан“, откако нејзиниот тим ги …

Уште еден кит виден во река во Франција Read More »

Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини


Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“. Според него, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и појасот долж Црното Море. „Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа за Русија. Во тој случај, …

Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини Read More »

Нова технологија на снимање јасно го покажа изворот на долг Ковид во белите дробови


Иако вакцините против Ковид-19 спасија милиони луѓе во светот, речиси секој десетти кој преболе корона вирус уште има симптоми по поминувањето на првата инфекција. Пациентите со долг Ковид пријавуваат запрепастувачка бројка од преку 200 симптоми, меѓу кои вртоглавици, дијареа, недостиг на здив и умор, кои траат со месеци и години. „Фрустрирачки е што пациентите со …

Нова технологија на снимање јасно го покажа изворот на долг Ковид во белите дробови Read More »